[ Индија ] ОНЕ, Турција и Бугарија !!!

Day 1,497, 14:39 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija



Добра Вечер Македонијо ! Добра Вечер Египет ! Добра Вечер ооо Индија земљо Македонска !


ОНЕ

Турбулентен период го зафати ОНЕ сојузот. Се поизвесно е неговото распаѓање, се е јасно кога ќе се погледне мапата.

Мексико окупиран од Хрватска повеќе од 1 месец, Англија сардисани од 3 страни Франција, Канада и Ирска...
Шпанија ни на небо ни на земја, Маџарите грчевито се борат на сите страни имаат само уште неколку региона, Балтичките земји сад ги има, сад ги нема.
Шведска лесен залак за Финска, Полска со најмалку региони од кога паметиме, Јужна Кореја неможе да се ослободи од Тајван и Кина...

Единствено Србија доминира на мапата, но тоа не е заслуга на ОНЕ, туку на нивните 20к жители.

Македонија исто така има доста региони, не поради помошта на ОНЕ, пред се нашата сила која ја насочивме кон воено слаби земји.

И тоа е тоа. ОНЕ како што може да се забележи, е многу блиску до крајот.


Турција

Турците, беа наш најголем сојузник заедно со Србија. Но, тоа замина во историјата, верувале или не. Како што ќе поминува времето, чувството за блискост помеѓу двата народи на играва ќе исчезнат и со нив ќе бидеме обични непријатели, ќе се препукуваме по шаути со провокации итн итн.
Турците поминаа преку себе, влегоа во алијанса со своите каков во РЛ така и тука најголеми душмани, грција и Бугарија.

Турците почувствуваа одбивност кон ОНЕ и Србија пред се, после гласовите за Косово, може да се рече дека тој чин беше пресуден за еден ваков курс на движење на Турција.

Турците ме разочараа, што дозволија спамерчињата од Инџи да им го пикнат спинот дека и тие се Турци и нивни браќа, дека треба да се заедно, дека нема смисла да војуваат меѓусебно... Без притоа Турците да се сетат, кој ги маваше од Америка, од Грција, од Бугарија...

Излично и патетично е сега да се извикуваат подржувачки пароли, Турците си го трасираа патот, кон ресурси...

Јас лично, нема да заборавам кога беа тука во нашите тешки периоди, и ќе ги почитувам како и секогаш, ама тие излеа заборавија што ние направивме за нив... 2 пати бевме бришени ради нив...


Бугарија

Јасни се моите ставови према Аспаруховите чеда, но дојде време да се замислиме малце за ситуацијата на Балканот. Бугарите се ориентираа да одат Северно во Европа, и добро им оди...
Гледам кај народот има некои позитини струи за сојуз, но да не заборавиме кој сакаше да ни прави ПТО, да не заборавиме кој не понижуваше и омаловажуваше и кој не бришеше. Исто така да не заборавиме и кој ни стави вето за влезот во Феникс.
Тешко е да се биде во сојуз со некој кој што не те признава, но е изводливо.
Бугарско МПП може, но сега нема потреба од тоа...
Нека стои како можно решение, иако сум со две раце против тоа, но никогаш не се знае...

На крај краева, се погласни се шпекулациите за сојуз Грција- Србија, па да не останеме со прстот во уста, да бидеме спремни на се.

И запамтете, ако самите не си мислиме на нас, никој нема.

Позз,
Македонија До Индија !!!