[МЗО]Објаснување околу Алијансата ОНЕ!

Day 1,497, 10:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana


Здраво Македонијо,

Гледам во последните неколку денови шаути кадешто главно е прашањето: КАДЕ Е ОНЕ?

Отворете мапа, разгледајте ги земјите од ОНЕ алијансата и ќе дојдете сами до одговорот на тоа прашање!

Освен Србија и Македонија сите други ОНЕ членки се избришани или се пред бришење.. Зарем е поприоритетно да се помогне на останатите членки на алијансата или да се помогне во нашата битка со Кипар која и баш нема големо значење бидејќи и со таа и без таа ние остануваме на 8/10 ресурси?

Не дозволувајте јазикот да ви биде побрз од паметот.
Јас погрешив и не би сакал и вие да ја направите истата грешка за ОНЕ. После неколку разговори со алијансата ми беше објаснето БУКВАЛНО СЕ и кои се целите на алијансата.. не е во ред да плукаме по нешто што стварно не е така и дека ние сме само куче кое трча по паметот на алијансата.. Многу членки од алијансата се во полоша ситуација од нашата, а сепак помогаат таму кадешто е најпотребно откажувајќи се од нивните зацртани цели во овој мандат! Знаете и сами дека не иде се како подмачкано како што сме навикнати да гледаме, но се случуваат и такви работи и за тоа нема потреба од очајување..

Би ве замолил за крај да не пишуваме статии кадешто ќе ги вреѓаме членките од ОНЕ.. Да не дозволиме членките од другата алијанса да ни се смеат! Само мудро ако изиграме, ќе ја добиеме повторно нивната помош откако ќе се ослободат!

За крај:

Помогни за да ти Помогнат!


Министер:
DarkoDimovski1