Предлог до конгресот - За подобри амбасадори

Day 1,480, 06:43 Published in North Macedonia North Macedonia by dDejan

Здраво на сите

Инспириран од статијата „Постигнат е договор помеѓу амбасадорите и членовите на конгресот“ ми дојде идеја дека конгресот може и дополнително да помогне да ни се зајакне дипломатијата во еЗемјава

Според мене во моментов проблем е тоа што вршењето на функцијата амбасадор од една страна одзема доста време (ако се работи правилно) а од друга страна нема никакви бенефиции од извршувањето на таа функција. Некои ќе соберат додатни 50-60 субови ама освен тоа друга добивка нема (освен се разбира интринзичното задоволство што помагаш за доброто на еМакедонија). Бидејќи нема некој ќар а е многу работа, некои ќе пробаат еднаш па ќе се откажат одкако ќе истече мандатот а некои и тој мандат што го имаат нема да го одработат добро (секоја чест на исклучоците, има некои амбасадори за кои капа симнувам)

Е сега, што може да направи конгресот за да се пријавуваат повеќе кандидати за амбасадори и да ги мотивираат амбасадорите да работат подобро. Прибидејќи од неодамна почна со собирање на средства од издавање државјанства, мојата идеја е дека конгресот може да организира еднаш месечно конкурс за најдобар амбасадор и дава награда од средствата со кои располагаат.

Може да се работи на деталите ама според мене тоа би изгледало овака



1. На секој 1ви во месецот, претседателот на конгресот распишува конкурс (статија) за избирање на најдобар амбасадор за (претходниот) месец

2. Сите еМакедонци (вклучително и самите амбасадори) имаат право во коментар да пријават некој (или себе) за најдобар амбасадор. Во коментарот треба да се објасни зошто сметаат дека кандидатот бил најдобар амбасадор.

3. 72 часа (3 дена) по истекот на конкурсот, конгресот ги разгледува сите кандидататури

4. Кандидатурите се филтрираат (да се одстранат несериозните/невалидни) и потоа секој конгресмен дава поени за амбасадорите:
- 3 поени за тој што смета дека е бил најдобар амбасадор
- 2 поени за тој што е втор најдобар
- 1 поен за тој што е трет најдобар

5. Поените се собираат и првите тројца со најмногу поени ќе бидат наградени по следниов клуч
- 1 место - 5 златника ( Медал - Најдобар амбасадор)
- 2 место - 3 златника
- 3 место - 2 златника

Правилата би биле следните
- конгресмен кој во исто време е и амбасадор не смее да учествува на изборот за најдобар амбасадор ( во спротивно конгресмените ќе си разменуваат бодови и ќе постои можност да се злоупотреби системот )
- мора да учествуваат барем 50% од конгресмените кога ќе се гласа за најдобар амбасадор ( за да се намали влијанието на конгресмените што ќе гласаат од субјективни причини )
- амбасадор кој 3 месеци по ред добивал награда (било која од 3те) не смее да учествува во изборот за наредниот (4ти) месец ( да се даде шанса на што повеќе амбасадори )


Значи ова е само груба идеја, се надевам дека ќе има конструктивни коментари и дека еден ден наскоро оваа идеја ќе стане реалност

За крај, за сите оние што не даваат в+с освен ако нема цицки 🙂
(.)(.)

За шаут:
Предлог до конгресот - За подобри амбасадори
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1920987/1/20