[МЗО]Отчет за Сработеното

Day 1,475, 05:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana
Здраво Македонијо.

Дојде време и за отчет за сработеното на Министерство за одбрана. На 6-ти ноември ја превземавме државата со 8 ресури (4 оружје и 4 храна) и во наредните 15 дена, со 2 дена прекин, ги одржавме тие 8/10 ресурси со мала промена, житото од Кипар го сменивме за жито во Арабија. Моменталната состојба не е баш идеална и самите сме свесни за тоа како Македонија изгледа денес со 3 ресурса (2 оружје и 1 храна). Се надевав дека ќе беа бар 4/10 (2 храна и 2 оружје), но испадна тоа што и самите го гледате со НЕ предложен на Иран место на Египет. Со србите е разговарано за НЕ што е пуштен од страна на нив врз Грција. Тие се тука да помогнат така да во овие 2 дена ке бидат ослободени 2 оригинални региона и евентуално третиот ке биде ослободен на 6-ти декември со што на новиот претседател му предаваме 3/10 ресурси (моментално) и со утрешниот НЕ врз египет значи 4/10 ресурси (2 храна со 2 оружје) и 3 оргинални територии со преселен главен град во Арабија.
Работата на Министерството:
Во МоД тимот покрај мене членуваа Danakmkd и Mehandjiski лева и десна рака, Bubo, Davor Pehcevski, Trajce Petkov, Glamchee, Darko Dimovski, Blazeska и rombo.

Фалангата ја водеа: Bubo и Trajce Petkov од кои јас како министер сум премногу задоволен бидејки ја водеа фалангата на најдобар начин. На почетокот имавме мали несогласувања, претседател сакаше залиха а ние сакавме да се троши. Првите денови делењето беше на многу ниско ниво (200 тенка +-) но после 4-5 дена се врати се во нормала 500-600 тенка дневно до моментот кога го пишувам ова.

Фалангата овој месец брои повеке членови од предходниот. Многу нови свежи „фалангисти“ се пријавија и се приклучија на Македонската Фаланга. Сите заедно пукавме во најтешките битки за Македонија и го одржававме зидот во наша полза, секако кога грчките кредитни картички не беа активирани. Рекордот од едно пукање е 12,063,431 инфлуенс, а рекордот од дневен инфлуенс е 17,116,803. Воведено е нов систем на следење инфлуенс преку Pulse скриптата, која ни овозможува да го следеме инфлуенс-от на нашите „фалангисти“ со цел да докажеме дека Фалангата не е само грабање тенкови, туку е „тајното оружје“, елитна единица на Македонија која во најтешките моменти праве голем инфлуенс и не доведува до победа.

На ОНЕ каналот за Мод теам имаа пристап целиот тим така да бевме во контакт со целата алијанса и покрај тоа што многумина критикуваа дека нема помош, сепак свесно тврдам дека за одреден временски период кога беше можно помагаа но кога не беше можно помошта ја немаше.

Министерстово за Мерценари (платеници) го водеше WaRlOR кој и овој пат помагаше на Македонија со делење на СОПСТВЕНИ тенкови од кои 10-15% беше учеството на државата. Погоре не е спомнат во мод тимот бидејки сепак тој беше буквално одделен сектор, но учествуваше со свои мислења за одредени идеи кои беа разгледувани од страна на МОД тимот. Така да и од статијава ке упатам благодарност до Warlorr за несебичноста да помогне на Македонија о/ .

За рефундот беше одговорна Блажеска преку која одеа паричните средства. Рефундот претходниот месец се делеше како и што беше договорено топ20, 1-2 дена мислам не беше поделен така посака министерото за економија за да се зголеми нивото на НБРМ прифатив.

Сите планови кои беа направени без разлика дали беа успешни или неуспешни беа разгледувани со Mehandjiski, danakmkd, rombo, glamchee, darko dimovski но сепак најгласниот збор го имавме јас danak и mehadjiski, така да ако некоj треба да ја превземе одговорноста за неуспех тоа сме ние .

Беше пробано да се воведе нов начин на работа на армијата, кој искрено на почетокот покажа доста добар успех но со текот на времето падна заинтересираноста, но сепак после повеке месеца пауза не е баш едноставно да доведеш некого и да очекуваш дека ке седи на канал да следи наредби. http://tinyurl.com/77erqc3 Овде се наога списокот со единиците која како учествувала во следење на наредбите (18-26.11.2011 ). Да не повторувам повторно за начинот на работа кој можете да го прочитате во претходните статии каде што е детално објаснет. Но на 26.11 разгледано е со тимот и одлучено да се престане со овој систем бидејки немаше очекувани ефекти и од ден на ден активноста кај војниците опаѓаше .
Кога стануваше збор за информирањето односно издавање на статии од МОД весникот кога мислевме дека е потребно го правевме зошто имаше ситуации кога за 2 реченици да се пишува статија не беше потребно. За ова можете да ме критикувате, но така јас мислев во тој момент така и постапував .
Давор беше ангажиран во голема мера за ОНЕ и весникот и тоа го работеше на високо ниво, барем ги исполуваше условите кои според мене беа потребни за одредена работа.

Сега најболната точка зошто сето ова се дешава ако се така функционирало како што напишав горе?
Значи пред да почнам да пишувам како што се дешавало да напишам дека Јас како Министер ја превземам одговорноста и кривицата за сегашната состојба бидејки се чувствувам главен виновник за тоа.

А сега да преминам на тоа зошто ова се случи.
Околу 12-ти ноември беше пуштено попуст на злато, на 17 ноември +- беше пуштено попуст на делови од базуки, а потоа не се сеќавам на последниот попуст пред да почне сето ова бидејки беа премногу попусти... Сето ова беше предвидено и очекувано но да бидам искрен не очекував толку тенкање од нивна страна, сите ние бевме свесни на милионите мавнати од нивна страна во секоја рунда имаа БХ над 8 милиона ,а топ 5 беше 15 мил+ најмалцее... самото тоа говори колку тие беа желни за ослободување.

Горе споменатотo според мене е прв фактор а додека втор фактор би ја спомнал желбата за ослободување, 2 и пол месеца под окупација (со прекини) и не е баш мал период, на тоа и се должи нивната организираност и дисциплина.

И трет фактор би спомнал преголемата опуштеност кај сите нас, значи веке сите ние се навикнавме на тоа дека сме појаки, а и на многумина ни здосади секој ден УДРИ ПО ГРЦИТЕ... веке почнавме да го сонуваме тоа, би рекол дека бројноста не е веке со толку голема разлика како што беше пред неколку месеца, од ден на ден се осека тоа напуштање на одредени играчи (мулти,неактивност) НО сепак ова е потребно од време на време. Последниве неколку дена како што верувам и сите вие следите ПОВТОРНО СМЕ ОБЕДИНЕТИ сите се бориме за ослободување на оригиналните региони. Сепак не е на степен на кој сме навикнати да се гледаме али секогаш е добро од негде да се почне што искрено ме радува.

Е сега ветеното: Беше кажано во кандидатурата дека ке се оди кон Индија и војна со Кина, истото тоа беше и многупати разгледувано, верувајте не беше напишано само за добивање гласови, безброј пати ставано на разгледување контактирање со иранците правење можност со пакистан преку НЕ но секогаш имаше нешто што не кочеше, со референдумот кој беше спороведен од Струмјанин (претходно предложен од академијата, за да не прашате зошто претседателот не пишал од весникот). Добивме јасна порака дека народот сеуште сака да ги држи грците под окупација без тенденција кон Индија и тоа истото беше прифатено и се фокусиравме на само тоа што поседуваме (грција +египет+арабија). Инаку станува збор за во извадоков за делот од 5 ноември до референдумот од Струмјанин.

Битките како одминуваа со нивното тенкање така ги губевме, е сега за последниве денови, значи како што спомнав во претходната статијаа со ИРАН, не пресекоаа за RED SEA COAST но истиот после со договор беше вратен и да не беше пуштен погрешен НЕ веке би требало до 5-ти да беше наш али се дешаваат грешки.

Тоа би било се за изминатиов период гледано од моја гледна точка и прилично реална.

Faber est suse quisque fortunae -Секој е ковач на својата среќа



Секогаш ваш,
Министер: Shadowstalkerr o/

Za Shout :
[МЗО]Отчет за Сработеното
http://tinyurl.com/bn8r9r7