Сложно до нови победи!

Day 1,472, 15:43 Published in North Macedonia North Macedonia by DarkoDimovski1
Здраво горди Македонци, каде и да сте!

Ова е моја прва статија после изборите, па најпрво сакам да ви се заблагодарам за подршката на сите коишто гласаа па и на оние што не гласаа за мене. Како новопечен конгресмен би сакал да ја прокоментирам моменталната ситуација со еГејлада.

Ситуацијата е многу посложена од таа што мислиме дека е.. Неможеме секогаш да се вадиме на тоа дека Плато ни е крив, неможеме да се вадиме секогаш на тоа дека админите им помагаат, ниту пак дека трошат огромна количина на голд.. Па и да трошат, кога тогаш ќе го снемаат.. Сега е моментот кога треба да бидеме обединети, да бидеме едно ИСТО!

Мир со гејлада?

Запомнете ако на едно исто прашање одговараат со да и не 100 луѓе и од нив 80 одговорат со да 20 со не, глобален заклучок ќе биде дека одговорот на прашањето е позитивен, но тоа не значи дека тие 20 треба да се бунтуваат, бојкотираат, плукаат итн. Но исто така не значи дека треба да имаат помали права. На кратко ако мене не ми одговара нешто а на 10 луѓе околу мене им одговара, неможе да испадне по мое, тоа веќе не е демократија, тоа е диктатура.
Ние сме демократска држава и ќе продолжиме да бидеме!!

Дефиниција за успех?

Помалце гледање лични и партиски интереси, повеќе гледање на националните интереси.
Помалце карање, повеќе компромис (Нештата не се секогаш или бели или црни, некогаш мораме да дозволиме да бидат сиви).
Помалце крадење, повеќе создавање.
Сакате голема Македонија? Македонија неможе да биде голема ако е од внатре поделена.
Зарем ќе се задоволите со тоа што ќе ви светне 1+ Battle Hero медаљ, додека вашата Македонија губи? Ќе имате уште прилики за тоа, затоа ајде да покажеме дека вредиме!!

Успех?
УСПЕХОТ ЌЕ ГО ПОСТИГНЕМЕ САМО КОА ЌЕ БИДЕМЕ:

ОБЕДИНЕТИ!

ОБЕДИНЕТИ!

ОБЕДИНЕТИ!

Зарем ќе дозволиме некои други да ја отстваруваат нивната идеологија и тука? Ја сум горд Македонец, горд сум што живеам во оваа малечка но ПРЕУБАВА МАКЕДОНИЈА, горд сум на тоа што живеам со овој долговековно напатен народ, народ кој што незнае за пораз, народ кој што никогаш не се откажува!!!

АЈДЕ СЛОЖНО, АЈДЕ СИТЕ КО ЕДЕН, БЕЗРАЛИКА КОЈ И ДА Е ПРЕТСЕДАТЕЛ ДА МУ ЈА ПРУЖИМЕ ПОДРШКАТА, ДА БИДЕМЕ СО НЕГО, ДА ПОМОГНЕМЕ СЕКОЈ НА СВОЈ НАЧИН!

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!




На крај ќе ве замолам за шаут:

Сложно до нови победи
http://tinyurl.com/clxh9z3