[МЗО]МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА

Day 1,455, 01:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana
Во изминатиов период добивме многу прашања во врска со Македонската Фаланга. Оние кои што не се запознаени со функционирањето и членувањето во Македонската Фаланга, може да го прочитаат целиот текст. Оние другите, би ги замолил да го пополнат формуларот на крајот од статијава, во кој водиме евиденција за членовите.

Македонската Фаланга е замислена како сублимат на елитните војници на сите единици. Овие момци и девојки, поради тоа што се најголемите чинители на штета, добиваат рефунд само во тенкови од страна на државата, во случаи кога тоа е неопходно за одбрана/напад на некоја територија за нашава мила држава, а по потреба и за помош на нашите сојузници.

Фалангата до сега многу пати се има покажано како добра „клетва“ за нашите противници. Секој тенк дониран на нејзините членови е насочен на право место и во право време. Им благодариме на сите досегашни членови за нивната посветеност и дисциплина.

Услови и начин на функционирање на Македонската Фаланга

Во Фалангата може да членуваат сите војници од сите единици со удар (не вкупна сила) од минимум 2500 штета направена со к5 оружје. Фалангата дава минимум 8 тенкови, што значи дека минималното здравје, за добивање на рефунд мора да биде 40фф. Фалангата дели најмногу 17 тенкови.

После секое мавање, членот на Фалангата е должен да достави СС од потрошените тенкови на оној кој што му ги дал. Доколку не доставите СС, може да бидете суспендирани од учество во Фалангата. (најлесен начин за СС http://lightshot.skillbrains.com/)

Сите членови на Фалангата мора да ги следат наредбите од МОД тимот.


Членовите на Фалангата, како и новите кои сакаат да учествуваат во неа да го пополнат следниот формулар заради евиденција.

http://tinyurl.com/ck5du88

По пополнувањето, очекувајте порака во која ќе има канал и шифра за влез во каналот.

Министерство за одбрана.