...

Day 1,454, 06:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Kirijana

Му ја продадов душата на ветерот и на човекот со длабоки очи.
Со едната рака ја зеде мојата,а со другата ми ја истрга кутијата со сеќавања.
Како наивно дете ги следев неговите чекори и му се воодушевував.
Не знаев каде ме носи...
Сега сум твоја марионета која со тажниот поглед ја воодушевува слепата публика.
Се воодушевуваат на мојата елеганција...
Танцувам на бавен ритам од посмртна музика.
По танкиот мраз се лизгаат босите нозе...
Понекогаш посакувам да бидам невидлива,да застанам за миг.
Да ја ублажам болката од крвавите прсти од кои ми се мати во главата...но ти не ме пушташ.Ме тераш да продолжам.
Секој пат истите чекори,пред истата публика,на истата музика.
Ме тераш секој пат да згрешам на истиот дел,да паднам на истиот начин,со еднаква болка.
На лицето ми ставаш монструозна маска,и сакаш да ме претвориш во суштество слично на тебе.Но не.Нема да успееш!
Во мене секогаш ќе гори пламенот на човечност кој е неможно да го изгасиш!
Никогаш нема да ми дозволиш да отпловам назад во минатото и да бидам заборавена.
На штиците од театарот што ти ги постави засекогаш ќе играм пред слепата публика која ме гледа со туѓи очи.