[ Индија ] За Претседателот, за Панзер, за рамбовците !!!

Day 1,447, 16:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija





Ау каков прв дена за новопечениот претседател. Ау какво огнено крштевање на сите полиња. Ау претседателот незнае кај да тера.

Преседниче, искрено да ти кажам, неам ништо против тебе лично, како еОсоба, како единка, како главен коловоџа ( дискутабилно ). Ти пишав и кометар во обраќањето, еве си го одржив зборот деќа имам да ти кажам некои работи, во статија. Се што ќе прочиташ, е мое лично мислење, искажано со најдобра намера.

Факт е дека си анонимец. Факт е дека си аматер во политичките води. Факт е дека ќе бидеш манипулиран до безкрај. Факт е дека ќе те пуштаат низ вода. Факт е дека не ги држиш сите конци во својата рака. Да почнам со ред.

Ова е преголем залак за тебе. Ова е висока политика. Гледам доста сличности помеѓу мене и тебе. Јас бев наместен, пази се, ама пази и да не се изгориш од самиот себе 😉.

Мое мислење е дека ќе бидеш манипулиран од твојот тим. Особено од членовите на АрМакедон. Верувам, гледаш идоли во нив, така да ќе ги прифаќаш и најступидните идеи. Ќе клатиш со глава на поголемиот дел на нивни одлуки, и место ти нив да ги учиш како, ќе биде обратното. Ова не е критика. Ова е искрен совет. Пази се, мисли со своја глава.

Особено, обрни внимание на 2те најважни министерства во една држава. Мод и Мофа. Доколку на овие позиции немаш луѓе во кои прет се веруваш, знаеш дека ќе го напраат она што ќе го побараш од нив, готов си.

Свати го ова како пријателко укажување на работите, го одбрав овој начин на обраќање кон тебе, поради тоа што во коментар нема да прочиташ сигурно, пм имаш 1000 , чат исто.

Искрено ти посакувам, добар мандат, и да ја држиш стабилна и обединета Македонија. Толку за тебе.


Околу Панзер.

Јасни се моите релации со Панзер... Но, во моментов, нема да изигрувам нивен адвокат.
Јас стварно незнам, како може некој да се радува, да се сити, да е горд што најсилната Македонска единица ја напушти Македонија. Само човек со ниско чело, што аутоматски значи ниска интелегенција, може да го подржува овој гест на Панзер.

Кога работите ќе се упростат, Македонија губи највеќе. Македонија губи штета од минимум 20м дневно, Македонија губи спасители во важни битки, Македонија губи херои.

Не ја знам точната причина поради која Панзер си оди, иако претпоставувам. Не знам зошто Арамиите го ставаат на контото на Панзер заминувањето на Шиме од Македонија.

Сума - сумарум, Македонија изгуби многу. Секој коментар на оваа тема различен од она што го кажав, е излишен.

Друго, глеам многу рамбовци се појавиле на играва.

Абе момчиња, играјте , искулирајте, заебавајте се.

Ако не се коментарите од типот кој е арамија кој не, кој е прав кој не, ќе биде монотона играта. Што е кажано на играта важи само за неа.

Берете памет, не ве личи да се замерувате РЛ.


Толку Македонија, ја мислам бев јасен, денес имавме доста бурен ден, ја излеа ќе зеам друго државјанство после 1 година, и така.

Поздрав, спремајте се мојот мандат, 2 по ред, кој ќе дојде за 2-3 месеца, од сеа почнав да пишувам кандидатура, така да ќе биде како кумот, вториот дел зема повеќе оскари од првиот.