Како да ги задржиме новите играчи!

Day 1,447, 07:23 Published in North Macedonia Chile by AlexSkopje

Ова е едно мое размислување за кое очекувам конструктивни коментари, кои се надевам ќе ја усовршат идејава, која има една единствена цел, а тоа е да ги задржиме новите играчи.
Повеќе пати се зборувало и се зборува за baby boom и како да се направи, но притоа сведоци сме дека самото вклучување во играва ни оддалеку не гарантира задржување на играчите(кои се неопходни ако сакаме да продолжиме со победнички ритам). Некаде дури прочитав дека 95% од луѓето се откажале по вклучувањето(овој податок не знам дали е точен).

Да не должам, мојата идеја е да направиме механизам кој ќе значи поддршка на новите играчи. Да се јавиме доброволци кои ќе бидеме одговорни за неколку е-бебиња(пример 5) на кои освен совети што да прават низ играва би им делеле и храна, оружје и пари за да можат што побрзо да се инволвираат во играта и да напредуваат. Овој процес би траел отприлика месец или два, доволно за играчите да се навлечат на играва и малку да зајакнат, а потоа продолжуваат "сами". Потоа преземаме нови е-бебиња.
Најубаво би било во поздравната порака од претседателот да се стави линк кој ке води кон статија или туторијал за е-бебиња и да има место на кое истите ќе се регистрираат за поддршка. Од ова место, министерот за здравсвто или пак за образование, апсолутно сеедно, ни ги праќа нас(доброволците) линковите од играчите и ние продолжуваме понатаму со нашата грижа за нив.

Е сега постои одреден скептицизам дека може да се пријават исти луѓе со мултиња, и од 5 души да раниш всушност двајца. ОК, нека бидат и мултиња, тие истите ќе го билдаат едниот профил, кој секако ќе мава за Македонија, што е и главната цел. Ако успееме да задржиме барем еден играч повеќе во играва, целта е исполнета.
Напоменувам доброволците нема да користат државани пари! Тие ќе треба да споделат од своите ВИРТУАЛНИ пари кои мене искрено не ми значат.
На коментарите јас сум дал реални пари, сум купил голд од Плато, мојот одговор е , ок и јас сум дал па што. 🙂

Ве замолувам да ја раширите статијава и да коментирате за да може да ја развиеме идејата.
Благодарам однапред!