Вие сте криви !!!(Искусните играчи)

Day 1,446, 10:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Coksi
Читам шоути а гледам и статии почнале да пишуваат поискуните играчи во кои они ги храбрат овие кандидати за претседател/ка .

Па искрено да правиме муабет од овие кандидати ниту еден нема појма како се води еДржава, ниту еден не бил во некој претседателски тим за да знае барем малку од малку како се води еДржава .

И сеа ќе ми кажат па што не се кандидираше ти ?
Па јас можев да се кандидирам , ама зашто да се кандидирам кога неам поим од тоа како се води еДржава, за да после го срушам она што сме го граделе 12 месеци , сме имале такви примери : како МДИ , кепенци и ред други кои немале искуство кога се кандидирале за Претседател, ама сеа да се кандидираше некој од нив јас радо би гласал за нив зашто знам имаат искуство и знаат кои грешки треба да ги поправат .
Пример : Сите се крстите во Струмјанин , па нормално човекот беше 1-2 месеци премиер на бившите претседатели пред да се канидидира и самиот он, искуството си го прави своето .


Кој е крив ?
Нормално криви се они што се кандидирале ама главните виновници сте вие искусните играчи(сите знаеме кои се тие играчи нејќам да набројувам сега) кои цело време сте во некоја функција на новите претседатели и само сакате да лапате фотељи додека некој друг го пцујат по шоути .


Сакате да знаете зашто 90 % од народот не ги подржува овие кандидати ?
ЗАШТО СЕ ВО ПРАВО , а и самите вие кои ги подржувате знаете дека се во право, овие кандидати видоа дека нема некој од поискусните за да се кандидира за претседател и нормално сакаат да си искористат да го фатат тој претседателски медал ...