Придобивките на Србија од додавањето на Косово!

Day 1,436, 03:05 Published in North Macedonia Chile by Ivankot

Колку интересен развој на настаните по најавата за додавање на еКосово на мапата и референдумот за или против независност! На мое големо задоволство, нашите најголеми сојузници - Србите извлекоа двоен ќар! Повторно проработе (што би рекол Струмјанин) српскиот инат, па покрај тоа што за влакно си го добија Косово....направија и огромен бејби-бум! Од околу 14-15 илјади на преку 20 илјади!!! Сето тоа како да им даде полет, па сега повторно партали прават низ светот! Кутрите Хрвати не можат ни во Мексико да се скријат!
Ееееее колку ни фали и на нас едно такво бејби-бумче! Дури тогаш би можеле и ние комотно да си ги прошириме границите и надвор од Медитеранот! Колку и да се удираме во гради, сепак Грците се силен противник, па нема да можеме да ги задржиме и нив и уште неколку други востанија! Но...чекор по чекор! Ајде сега полека да си го вратиме Египет, па за други територии понатака!