помош за нас еБебињата! :)

Day 1,429, 06:27 Published in North Macedonia Chile by Ivankot

Релативно сум нов во играва.....и стварно се навлеков. Ама колку и да се трудат некои од поискусните и постари играчи да ни помогнат на нас новајлиите... сепак е тоа премалку! Колку само пари потрошив на Health kit-ови (додека уште имав злато кога на почеток се напредува доста брзо), пред да увидам дека тоа е најзалудно фрлање пари, или на Special forces center, без да знам дека тоа е за доста понапредни играчи. Ако ништо друго, до сега можеби ќе имав Q2 фабрика за храна и 400 ХР Town center.....само ако негде на почеток некој ми го објаснеше ова. Еве и сега си фрлив 2 злато, само да имам да се пожалам негде 🙂 Уште се сметам за почетник (на пример не знам што значи 07...и не ми текнуваат уште неколку кратенки), па не би се нафатил да напишам таква статија за почетници...ама мислам дека не би било залудно потрошено време некој од вас поискусните да го направи тоа. Прочитав доста слични такви статии, каде се објаснува играта, ама тоа пред се се сведува на оние основни работи (на кое копче да се стисне за да се пука, како се гради...и сл.), треба да се објаснат финесите!
Па така....еден апел до вас мангите - Богови на војната, Легендарни сили, Светски сили..... 🙂 потрошете малку повеќе време на нас (како не виката бебињата), па и ние да пораснеме во силни борци ко вас (се за иднината на еМакедонија).

Благодарам!