Ме нервира зошто??

Day 1,420, 20:23 Published in North Macedonia USA by MaLoUmEn

Леееее!! ќе се самозапалам си ја избришав статијата пред да ја објавам 😡 а што убава ми беше 😃

Сакам да се навратам малку во нашата блиска еИсторија, ама ептен краток ќе бидам.

Постарите (кога зборам постарите мислам на оние што се подолго во играва, а не по години) играчи сигурно се сеќаваат низ што поминавме додека да ја додадат еРепублика Македонија (БЈРМ) во играва. Ја наведов референцата од друга причина.
Што се не правевме за да ја додадат: пишување статии, формирање на паравоени единици во други еДржави, формирање на спам тимови, тролање, тикети, рипорти на странски стаии (странски-грчки), мејлови и што ја знам уште што друго. Арно ама Семоќните ништо не правеа освен што ни праќаа по некоја реченица од типот „Ќе го средиме тоа прашање на најбезболен начин“.
И што направија??? Не додадоа како еРепублика Македонија (бјрм). Зошто????





Затоа што на еГрција тоа и сметаше, пошто имале они регион Македонија.

У реду.


Незнам колку време чекавме за додавање на Македонија, јас дури се откажав едно време иначе играв под ник Дедо Иљо Малешевски кој после го заменив со овој, али не е битно. Важно еве ме сега овде и се прашувам зошто кога ја додаваа Македонија немаше гласање?
Не дека ние ќе се изборевме со мнозинство гласови за да не додадат под уставното име, туку важно е тоа што на нас колку што се сеќавам не ни беше даден избор. Тогаш во тоа време имаше каде-каде повеќе грци наспроти нас и сите беа кој од кој 🙂 ех... ми фалат статиите на Баламбани Брос.

Него да се вратам во сегашноста.
Еве гледаме последниве денови се спрема гласањето за еКосово (не сум против еСрбија да се разбереме), туку ме иритира фактот што Семоќните не ги третираат сите прашања подеднакво.
Јасно е дека еСрбите се против додавање на еКосово како посебна еДржава, но нели бевме и ние против додавање на Македонија како еРепублика Македонија (бјрм)???
Што би можело да влијае така на одлуката на Семоќните?? Притисок?? или што е поверојатно пари??

Едно е јасно дека со додавањето на новите еДржави добиваат само тие, оние истите кои сега го спроведуваат гласањето за еКосово и тие истите кои на нас ни ја (народски кажано) начукаа референцата после нашето уставно име.
Нови еДржави = Нови Војни = Ново Злато =



Немаше да ми биде криво ако ни дадеа и на нас шанса да се изјасниме, оно нема да ми биде криво ни ако сега ни дадат шанса и на нас да гласаме за повторно разгледување на случајот со името во играва 🙂

Како и да е, јас малце претерав со пишувањето ама сакав да си се искажам пошто ова ми беше како камен на душава 🙂

Да не заборавам стиснете Претплата


Секое добро!!