Водич како да ја одје**ш жена ти додека играш еРепублик

Day 1,416, 14:07 Published in North Macedonia Belgium by El1teBE


Некој кутар Романец си имал навистина сериозен проблем со жена му. Еден ден, кога се вратил од работа, жена му со кисела фаца го пречекала, агресивно и хистерично викајќи:
„Кај си до сега???“
„Драга, морам да признаам“, и враќа кутриот, „имав афера со една прекрасна црнокоса. Ја однесов на вечера, по што имавме секс во автомобилот...“
„Ти лажливо копиле!!! Кого се обидуваш да го излажеш???“, продолжила со врескање. „Ти не си во можност да имаш секс со друга личност, најмалку пак со друга жена! Ти си бил на работа и си го играл тоа е***о ср**е од игра кое залудно го троши времето, наречено еРепублик!!! Ако уште еднаш се повтори, леташ од овде!!!“
Базирано на ова искуство, кутриов Романец го напишал следниов текст, кој во голема мера може да се примени и кај нас, затоа што јас лично знам луѓе кои ги делат истите проблеми како него. Текстов го пронајдов на интернет, и се обидов да го преведам, и да го споделам со сите вас, како би ви олеснил во процесот како да ја одје**те вашата сопруга додека играте еРепублик!


ВОДИЧ КАКО ДА ЈА ОДЈЕ**Ш ЖЕНА ТИ ДОДЕКА ИГРАШ еРЕПУБЛИК

1. Најди си љубовница
Доколку имаш вистинска љубовница, ќе имаш многу поголем кредибилитет кај жена ти, отколку да лажеш дека ја имаш. Иако измислувањето афера изгледа многу полесно отколку што навистина е, и иако ти мислиш дека да употребиш малку кармин од твоја колешка врз кошулата, или да шприцнеш малку парфем од тестер во супермаркет би било доволно, е па не е! Жените имаат шесто сетило за мажи кои изневеруваат, и ако ти не си доволно среќен да бидеш еден од таквите, лесно ќе бидеш откриен како лажеш дека имаш афера. Затоа, мојот прв совет е: изневерувај ја навистина жена ти, по можност со иста личност. Во тој случај, додека ти среќно играш еРепублик на работа, жена ти ќе мисли дека си во рацете на љубовницата, а таа пак, ќе претпоставува дека си дома.

2. Направи судар со колата
Глупаво е постојано да се преправаш дека колата ти цркнала на сред пат, или си ја чукнал некаде. Имај мад**а и смачкај ја навистина во некој ѕид. Само внимавај да не биде многу силно, за колата да продолжи да функционира нормално, но мора да изгледа грдо! Тогаш, помини го цел ден на сервис! Ова е одличен маневар за денови во кои има еРепублик избори, важни битки или било какви настани во кои ти е потребна потполна концентрација подолг временски период. Секако, неопходно е да имаш 3G модем, лаптоп и осигурување за колата.

3. Купи си iPhone
Постојат многу малку работи кои се доволно вредни за да ја расипат сликата која ја оставаш за тебе како моќен, хетеросексуален мажјак. За среќа, еРепублик е една од тие работи. Еден iPhone ќе ти обезбеди можност да останеш поврзан со твојата омилена заедница, секогаш кога си на безбедно растојание од жена ти.

4. Биди подготвен при неочекуван повик од дома
Секое утро, пред тргнување кон работа, обиди се да одвоиш неколку секунди, и наместо да ја читаш последната статија на Voix, фокусирај се што ти барала или за што се жалела жена ти во последно време. А да, ти текна? Бараше од некаде да и купиш артичоки? Е па, после наоѓањето на еден ваков клучен момент, подготвен си за „неочекуван повик“. Следниот пат кога ќе го слушнеш гласот на жена ти од другата страна на линијата како се дере „Каааај сиииии!!!!!“, додека ти мирно си играш еРепублик на работа, само смирено одговори „Драга, еве ме во Тинекс, се обидувам да најдам убави артичоки за твојот ручек. Се сеќаваш дека ми бараше?“ Жена ти ќе биде импресионирана колку си грижлив и внимателен, и ќе го избегнеш вообичаеното врескање „Пак те нема!!! Пак го играш тоа срањето, такаааа!?!?!?!“ од нејзина страна.

5. Преправај се дека работиш напорно
За жал, ова можеш да го употребуваш само во првите 2 до 3 месеци, пред твојата жена да стане пожртвувана членка со испран мозок на Анти-еРепублик паравоената организација. Најлесен начин е за да се избегнат вредни часови во бесмислени разговори за мебел, романтики или глупави ТВ серии. Само речи „Миличка, шефот ми нареди да напишам многу важен извештај до утре сабајле, ќе трае неколку часа, додека да го склопам.“ Идеалното време да го започнеш „пишувањето“ на извештајот е точно 22:30 часот. Во тој случај, по 2 до 3 часа, таа најверојатно ќе се откаже чекајќи и ќе си легне. А ти имаш отворена можност во наредните 3 часа да ја градиш твојата еРепублик кариера. Секако дека препорачливи се Ред Бул, апчиња со кофеин, па дури и лесни дроги.

6. Нека те киднапираат!
По кратко планирање, можеш да средиш лажно киднапирање, што ќе ти даде неколку дена, можеби дури и недели со непрекинато еРепублик искуство. Оваа стратегија е екстремно корисна ако победиш на избори за CP, или ако достигнеш високи позиции во твојот виртуелен живот (Командант на паравоена единица, Премиер, MoD, или некој друг член на Владата). Мораш да сметаш и на тоа да бидеш киднапиран заедно со твојот лаптоп и 3G модем.

7. Нека те грабнат (преработена тактика бр.6 - за многу глупави жени)
За среќковците кои имаат жена со потпросечно ниво на интелегенција (на нив можам само да им се восхитувам на можностите кои ги имаат), може да се преработи тактиката бр.6 и да се преправаш дека си бил грабнат од вонземјани! Ова ќе ти овозможи многу поголем простор за маневар, затоа што на тој начин нема да биде во можност да ги испрати полицијата (или други специјални институции) во потрага по тебе!

8. Преправај се дека си алкохоличар
Иако изгледа како лесна, ова е многу тешка стратегија да се изведе. Неколку дена по ред да доцниш дома, да се преправаш дека забораваш некои работи, да се напиеш неколку голти пред да излезеш од работа, и т.н. се само дел од твојот арсенал во оваа стратегија. Главната проидобивка е стратешкото одвлекување на вниманието на твојата жена од твојата еРепублик кариера. Којзнае, ако ја имаш неопходната вештина / сила / злато, можеш да станеш и автентичен алкохоличар. И тогаш, можеби (но само можеби), жена ти ќе те остави и ќе ти остави огромно количество слободно време кое ќе му го посветиш на виртуелниот живот! Но мажите можат само да сонуваат... :/

9. Освој премија на некоја лотарија!
Иако статистички екстремно тешко да се изведе, мислам дека, до сега, ова е најидеалното решение за твојата еРепублик кариера. Откако ќе добиеш џек-пот, мораш да се придржуваш на следните принципи:
-никому не кажувај дека си добил
-преправај се дека одиш на работа секој ден, а ти скриј се, изнајми малечок деловен простор, и неколку секретарки (само колку да изгледа пореално дека одиш на работа), дај им ним некакви рандом задолженија, само колку да не упропастат се (да мислат дека нешто работат), и уживај во еРепублик!
- од време на време, вади нешто екстра кеш од твојата сметка, за да мисли жена ти дека си добил некаков бонус или покачување (само колку да биде се поавтентично)
-направи неколку модерни покани за конференции или семинари и покажи и ги на жена ти, божем „компанијата била наградена со таква прекрасна можност“, и тогаш заклучи се во некој ефтин хотел и играј еРепублик дур можеш!

10. Ај да не ви давам други идеи, предалеку отидов веќе! Препуштете и се на имагинацијата, и споделете ја во коментар вашата предлог ситуација со другите кои го имаат истиот сериозен проблем! 😃 😃 😃

EDIT1 :
11. Предлогот на Војо (ВИЗУЕЛНО)



ЗА SHOUT:
Водич како да ја одје**ш жена ти додека играш еРепублик
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1877120/1/20