Македонските кошаркари-ден потоа

Day 1,413, 05:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Taleso

Заврши европското првенство и во главата почна да ми се мотаат оние завршни шпици од холивудските филмови како кога некој ќе направи нешто битно и на крај во кратки црти пишува што сторил понатаму.

Соодветна музика за одјавната шпица
The Connells - '74-'75

Антич-ја заврши кариерата во Лејкерси откако Лејкерс го шутнаа Гасол поради цитирам "повеќе театралност,помалку игра".

Илиевски-своите пензионерски денови ги помина пишувајќи ја својата автобиографска книга "За кошаркарцките работи".Книгата стана комерцијален хит и 10 месеци го држеше првото место на Њујорк тајмс,лесно потиснувајќи ги Хари Потер и Твајлајт серијалите,а во Македонија стана најчитаната книга на сите времиња.

Чековски-се откажа од настапите по европското.Набргу доби телефонски повик од холивудски менаџер кој бараше таленти за идни настапи во филмови на Universal pictures.Првата роља ја доби во третиот продолжеток на Неверојатниот Хулк каде не само што беше главниот глумец туку и сам си ги снимаше каскадерските сцени.Fun fact:Немаше потреба за CGI ефекти-визуелистите само го фарбаа телото на Чековски во зелено.


Самарџиски-не се истакна во Литвос Ритас и се врати во Македонија.Потоа доби повик од Чековски дека се договорил овој со челиниците на Warner bros да го игра Кларк Кент во "Враќањето на Супермен(again)".Филмот доживеа масовен успех како кај публиката така и кај критиката,а Роџер Еберт рече:"На почетокот бев скептичен кога Warner го најави новиот Супермен и тоа со тотално непознат дечко кој нема ниту еден поминат час во филмска школа.Сега ми е мило што го победија скептикот во мене и слободно можам да кажам дека ова е верно враќање на корените на Супермен,а Самарџиски достоен наследник на Кристофер Рив".

Гечевски-слабо заздравуваше од повредите и неговиот настап на Олимписките игри беше ставен под прашалник,но владата во целост плати за негов необичен третман-целосна замена на екстремитетите со киборг компоненти,со што Гечевски доби уште една шанса за настап,поради што доста федерации протестираа до ФИБА.ФИБА ги одби нивните барања за исклучување на Гечевски со образложение дека нема прописи кои забрануваат луѓе со напредната простетика да настапуваат на мечеви под капата на ФИБА со што Гечевски стана првиот кошаркар киборг во светот кој настапил на турнир под капата на ФИБА.

Лестер Бо Меккејлеб-предизвика голем шок по изјавата дека ќе игра за МЗТ Работнички,создаден со спојувањето на МЗТ и Работнички.Во слободно време беше главен преговарач за спорот за името со Грција кој го доби со 14 разлика.

Војдан Стојановски-одлично се снајде во Армани џинс и стана миленик на фановите на клубот.Тие беа едногласни дека со него Армани џинс звучи помаженствено.

Дамјан Стојановски-брзо го преболи несреќниот шут против Русија за бронзата и со повеќе вежба и дисциплина беше забележан од сакутите на Барселона со кој потпиша мултимилионски договор за 8 години.По истекот на договорот ја заврши кариерата и ја издаде хит книгата "Доктор Дамјан или како престанав да се грижам и ја засакав топката".

Соколов-најде ангажман во тимот Лагос Јунајтед од Нигерија.На почетокот му беше тешко да се навикне поради јазичните бариери но на помош му дојде Мираковски.

Марин Докузовски-бараше нови предизвици предводејќи ги Алжир,Катар,Јужна Кореја и Јапонија до историски пласмани на завршниците на светските шампионати во кошарка.Интересен факт-сите селекции ги минаа четвртфиналињата.

Игорче-долги години остана во Сител и заедно со него проследивме уште 10 евро и 5 светски шампионати во кошарка.На сите учествуваше македонската репрезентација.Се откажа од професијата коментатор откако успеа еден меч да го искоментира без лапсуси.По неговото заминување Сител изгуби 89% гледаност.Своите слободни денови ги поминува со внуците,а секој вторник на гости му доаѓа стариот другар Ламоника со кого игра покер.

Барак Обама-не доживеа втор мандат.Новиот претседател го испрати како амбасадор на добрата волја да и прави друштво на Анџелина Џоли во Јужен Судан.

Џими Хофа-сеуште мртов и сеуште не се знае каде му е телото.

Се надевам дека мојата фантазија ве бендиса; 🙂
се најдобро!