еВМРО-ДПМНЕ новата сила на еМакедонија

Day 1,407, 06:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Nikola Gruevski Makedonec

Чест, гордост, задоволство,желба и привилегија ми е што сум член и пред се претседател на најпатриотската и најдесничарската партија во еМакедонија тоа е една единствена и неповторливата партија еВМРО-ДПМНЕ.

Заслугите за нашите успеси не се само мои, туку на целото членство и на сите оние кој го дадоа гласот за еВМРО-ДПМНЕ . Докажавме дека сепак може да се успее и да се биде конкурентен на останатите партии.



Овие избори се втори по ред откако јас сум претседател на еВМРО-ДПМНЕ. На предходните избори не бевме толку моќни освојувајќи само 3 конгресмени. Сега искуството и големиот труд се исплатеше денес еВМРО-ДПМНЕ во конгресот на еМакедонија брои 6 конгресмени. Шест можеби не звучи толку самоуверено, но едно е јасно еМакедонија има многу мешан состав во конгресот, а нашето учество нема да биде незабележано.

Ова е само почеток на новата ера на политичката сцена во еМакедонија, ера на нови луѓе на нови успеси. Луѓе на кои не им е до државната каса туку до народот. Нека разбере македонскиот народ дека еВМРО-ДПМНЕ е бренд во кој секој може да земе учество и да добие улога.
еВМРО-ДПМНЕ прима нови членови и вратата за секој од нив е отворена за соработка и дебати, не се двоумете ова е вистинската партија за вас, зачленете се :
http://www.erepublik.com/en/party/evmro-dpmne-3563/1


Честитки за сите кандидати без разлика на партија, без разлика на победа или пораз, на крајот на краиштата секој има некоја цел, некој сака да ја добие медалата некој пак сака да има некаква улога во политиката, но најважно кога сите ќе размислиме е дека сите сме тука за еМакедонија.

Да живее еМакедонија. Да живее еВМРО-ДПМНЕ !