Конгресмен за Егејските острови

Day 1,404, 01:52 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid



Оддамна немам излезено со нова статија не затоа што нема што да се каже туку поради рл обврски. И ете се погоди да пишувам за мојата нова конгресменска кадидатура овојпат во Егејските острови, преку една од водечките партии во еМакедонија-ЗПеМ.

Мојата агенда им е добро позната на сите што ме следат:

1. Нема купување гласови, и нечесни игри од моја страна.(еднаш така станав конгресмен, се надевам дека тоа ке се случи и втор пат) Сите што планирале да се продадат кај мене нека не си ја абат залудно тастатурата-ќе бидат одбиени.

2.Консултација и колегијалност со конгресмените колеги за донесување на било каков закон.

3. Работа во интерес исклучиво на еМакедонија

4. Помош и соработка со сите емакедонци кои тоа ке го побарат од мене.

5. Давање на државјанства само на македонци и никако за виртуелни пари и злато на душмани.

6. И секако за сето тоа да биде возможно - редовност на конгресменскиот канал.


Мили ем драги еМакедонци и еМакедонки се надевам дека конечно ги надминавме нашите лоши навики и дека конечно ке имаме фер избори во кои ке се гласа за личности а не за виртуелен профит. На сите кандидати им посакувам многу успех на денот на изборите, а на гласачите разумно и одговорно да решат за кого ќе го дадат својот скапоцен глас.