ЕДЕН на ЕДЕН со Селеук Никатор !!!

Day 1,394, 03:00 Published in North Macedonia North Macedonia by MACEDONIAN T REX


Денеска еМакедонци и еМакедонки имам специјален гостин со кого направив многу интересно интервју,а тој гостин е SeleukNikator.

Новинар: Здраво Селеук.

Селеук: Здраво и на тебе добро те најдов.

Новинар: Имам прашања за тебе.

Селеук: Повели ќе се потрудам да одговорам.

Новинар: Бидеќи пред околу една недела ти се случи многу чудна случка во која сите фирми ти ги снема што можеш да ни кажеш за тој проблем?

Селеук: Вака веќе на таа тема што и како се случи напишав во мојата статија и мислам дека тоа ќе биде доволен одговор... барем половично тој проблем е решен за мене.

Новинар: Но доколку не ти беа вратени парите назат што ќе правеше?

Селеук: Искрено јас се бев откажал од помислата дека ќе ми биде нешто воопшто вратено... едноставно вршев преголем притисок кај админите како што бев советуван и на крајот тоа се исплатеше дури по цел месец не верувам дека ќе се случи такво нешто иако само половина од изгубеното ми беше вратено.

Новинар: А дали можеш да посочиш некој непријател на играва што може да те има наместено?

Селеук: Хах.. морам да признаам интересно прашање.. непријател? Па душмани секогаш има како во РЛ така и на оваа игра, но мислам нема таков подлец што би го направил тоа...барем се надевам нема.

Новинар: Имаше некој конфликт со mac3donia што беше тоа ?

Селеук: Tаква личност не заслужува ни да се коментира... човекот е љубоморен што успеав од 0 пак да почнам и повторно да бидам подобар од него и сака да стекне популарносто оцрнувајќи го моето име...може да продолжи да се клади против Македонија.

Новинар: А во твојата статија пишуваше дека делел mac3donia државјанства за пари дали е тоа точно?

Селеук: Тука е евидентно дека тој делел државјанства можете да проверите имате архива каде пишува кој конгресмен на кого му одобрил државјанство, а јавна тајна е дека тој е еден од најлошите конгресмени во историја на еМакедонија.

Новинар: Дали ти мислиш дека сегашнава влада е добра?

Селеук: Да потполно сум задоволен од сегашната влада. Секоја влада претходно која не си ја вршела работата добро била критикувана од моја страна. Мислам дека првите мои критики почнаа од времето на DedaNoe заради неговата пасивност и дури сега за првпат.

Новинар: Еве едно прашање за целата јавност.

Новинар: Дали некогаш ти си бил изреволтиран до тој степен што би се усрамил дека си македонец?

Селеук: Ова се големи моменти за нас Македонците со тоа што се случува во Литванија... едноставно пишуваме историја и горд сум на тоа, но да сум бил премногу изреволтиран од поединци ( не зборам само на играва ) тотално сум се разочарувал од нашиот народ, од неговата алчност, од неговите предавници, бугарофили или србомани..

Новинар: Како може да ни ја објасниш ситуацијата во македонија?

Селеук: Уште едно прашање кое го очекував и имав спремено одговор од претходно. Ситуацијата во Македонија... некој ќе рече е катастрофално, а јас би рекол е феноменална! Со исклучок на бркачите на медалчиња се е како подмачкано. Зошто? Сега ќе ви кажам. Единствено е лошо што се случува во време на одлична влада. Ова требаше да се случи многу порано да ни се удри од глава славата.

Селеук: Сепак колку е лошо ова може да биде и добро. Доколку бидеме остранети од Блискиот Исток имаме шанси од почеток да ја зелениме мапата на јужните!

Селеук: Покрај останатот активноста се враќа! Постојано имаме 250+ луѓе што ме воодушевува, а воедно мислам ги мотивира посилните играчи повторно да почнат да тенкаат што навистина ни е потребно како одговор на EDEN тенковите!

Новинар: А дали кога би имало како во вистинскиот живот Единица за брзо распоредување би било добро за еМакедонија?

Селеук: Единица за брзо распоредување? Интересна идеја од твоја страна, но не сум размислувал на таа тема. Според мене треба да се создадат ноќни единици или нешто слично која ќе дејствува часовите кога сме најмалку активни.

Селеук:Секоја нова промена е добра за еМакедонија само да не е од админите.

Новинар: Дали мислиш дека треба да направиме ПТО на некоја држава ?

Селеук: Не. Според мене тоа е најподла работа во играва и самите имаме искуство за тоа. Иако не сум целосно запознаен колку што знам по додавањето на еМакедонија нашите источни соседи пробале да сторат такво нешто..

Новинар: Според твое мислење дали би било подобро мали земји да почнеме да освојуваме или одма со големи и моќни земји ?

Селеук: Во моментов моја желба е напад на Русија! Секако тоа е нерационално размислување... Друга опција е војна во парови ... Доста е од јужните да се свртиме повторно на источните додека нашите јужњаци да ги преземе Турција... Или пак да идеме 🙁.

Селеук: Подобро една моќна земја под ропство отколку повеќе мали каде бројот на востанија е поголем.

Новинар: Дали мислиш дека е потребно да се дава повеќе значење на цивилите ?

Селеук: Обавезно. Цивилите се клучни за земји како нашата. Ние не се потпираме толку на нашите тенкови како на нашата бројност. Немам време да размислувам на таа тема, но сигурно има попаметен некој од мене што може да смисли план за побрзо развивање.

Новинар: Која измена на играта од почетокот твој до сега најмногу ти се допаѓа ?

Селеук: Најдобра измена според мене до сега е можноста за нови 100 енергија на секој час. Зошто? Тоа ни даде можност за побрзо развивање иако со скриени намери од админите беше пуштена и оваа промена. Исто добра промена е можноста за користење повеќе боостери.

Новинар: Според тебе која единица најмногу ти се допаѓа ?

Селеук: Тоа не може да се каже... Поминав низ неколку единици и навистина секоја си е посебна на свој начин. Започнав во ПАТРИОТ каде бев примен со мизерни 600 сила, но дружбата беше одлична. По нејзинот распаѓање заминав како регрут во Панзер ( како црнец ).

Селеук: Во Демони поминав доста долг период се додека Плато не воведе нова промена со ограничувањето на работниците во фабриките што тешко ја погоди нашата единица, а воедно и рефунд системот...

Селеук: Иако нивниот канал е мртов канал ( јас го прогласив за таков само јас спамав ) тие се одлични момци кои и ден денес ги посетувам..

Селеук: Ми се укажа шанса и заминав за Унгарија... во една од најјаките единици таму - Horthy.

Селеук: Некои ќе негодуваат поради нејзиното име но gamble_24 ми даде одлична шанса и највеќе напредував таму.

Новинар: Зошто не остана во Horthy ?

Селеук: Моментално сум во Волци каде владее одлична дисциплина и хармонија и има организирани состаноци.

Селеук: Таму не останав.

Селеук:Бидејќи и бев потребен на мојата еземја, а воедно планирав да станам за првпат конгресмен и да пробам да променам во тој дел нешто... но ситуацијата таму е повеќе од мизерна..

Новинар: Доколку се оформи пак единицата ПАТРИОТ би и се придружил ли пак ?

Селеук: Можеби... само доколку таму не е Maxep... тој всушност придонесе за уништување на единицата... иако тој ја оформи тој успеа и да ја уништи... Очигледно само имаше профит од неа.

Новинар: А кој би бил одличен лидер на ПАТРИОТ доколку пак се оформи ?

Селеук: Хммм... не би го знаел одговорот на тоа прашање. Има одлични луѓе во играва кои би можеле да преземат таква единица и да бидат нејзини лидери, но повеќето веќе членуваат во некоја друга единица.

Новинар: Ако не е тајна може ли да кажеш пред цела македонска јавност кој претседателски тим ти се допаѓал најмногу?

Селеук: Откога јас ја играм играва за мене има само двајца претседатели кои заслужуваат едно големо БРАВО! - Струмјанин и Дон Тас(иако има уште време, но почна одлично и сигурен сум дека така и ќе заврши).

Новинар: Иако секогаш може со тебе да се зборува за многу прашања,немаме толку време и како за крај што ќе им порачаш на играчите?

Селеук: За крај една комунистичка парола иако сум голем противник на комунистите и подржувач на вмровците( не политичката партија туку луѓето како Методија Андонов Ченто и сите оние кои биле дел од идејата за напад на Солун при крајот на Втората светска војна.

Селеук: БРАТСТВО И ЕДИНСТВО!

Селеук: и уште една :

Селеук: Еден за сите, сите за еден!

Новинар: Благодарам што беше гостин.

Селеук: Благодарам и на тебе за одличните, исцрпни прашања и поздрав до цела еМакедонија. ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

Новинар: Ова беше Селеук Никатор,а вие го читате весникот "DINO_DINO_SUPER_DINO".

Ве замолувам за ВОТЕ+СУБ+ШАУТ!



П.С Да ни е со среќа на сите вечерашниот меч во кошарка помеѓу домаќинот на ЕП Литванија vs Македонија нека ни е со среќа!

Hail Macedonia !


За шаут:ЕДЕН на ЕДЕН со Селеук Никатор:http://tinyurl.com/66jtzbz