ДЕМОТИВАЦИЈА

Day 1,390, 08:44 Published in North Macedonia Switzerland by kocc
Сигурно се прашувате и се чудите што се случува со Македонија на бојното поле.Мојот одговор е дека админите ни го набутаа сосе јајца,за жал.Со најновиот дисконт на бомбоните(energy bar),предноста со бројноста што ја имавме се стопи како сладолед на афричко сонце и овие грчки,а богами и кинески квазиромперовци се решени да ги дадат и последните пари од пензиите на нивните дедовци за да се курназат на играта.
Нема потреба од нервози и обвинувања еден со друг,бидејки никој не е крив,сите верувам пробаа да помогнат колку што можат,посебно најверните држави од сојузот да не ги набројувам,но тешко е да се трошат пари за друг,а само тоа веќе делува на оваа игра,која стана една од најдолните облици на капиталистичко цицање на пари од простата маса,каде сите му викаат HAIL,по нашки БРАВОС БЕ,на оној кој ќе фрли најмногу пари(јас го викам ова траги-комедија,незнае човек дали да плаче или да се смее).
Уштге еднаш само да ви појаснам што се случува.Ако досега со 100 евра уплатени некој добиваше 300 голд и со нив можеше да тенка 600 пати,сега со попустот на овие амфетамини,вијагри ли се,може да удара 1200 пати.Ако просечен играч има удар околу 3.000 со тенк,и порано правеше со овие 100 евра штета од 1.800.000,сега има 3.600.000 штета.Македонците,дали сме по природа попаметни од другите,не даваме пари за вакви облици на курназл‘к и нормално е во овој период да го папаме.
Верувам дека вакви попусти на вијагри,а богами и на амфетамини, ќе има се почесто,бидејќи ова е најбрзиот облик на профит за админите(секоја чест за нив,погодуваат на право место и се махери за правење пари) и моето предвидување е дека играта оди во правец многу лош за неплаќачите, кои може само да тресат јајца од страна и се разбира да бидат целосно демотивирани од играта.Демотивација брат тоа ти е,разбираш!!