Сегашната ситуација во еМакедонија

Day 1,374, 14:37 Published in North Macedonia North Macedonia by Grand Admiral Kristijan

Добро вечер македонци.Го пишувам ова како член на влада а воедно и како македонец кој е горд на тоа што е македонец.Апелирам до сите вас да помогнете во оваа ситуација во која се најде нашата држава.Македонија е земја на херои и земја во која народот се прави за да и помогне на своита држава.Но за жал последниве денови гледам се поголеми и поголеми караници во врска со рефундот. Сите сакаат да земат поголем рефунд.Би сакал да ве прашам една работа:Зарем не е срамота ради тој рефунд да викате дека ке идете ке се тепате за други држави додека Македонија губи.Или па не сакате да ги следите наредбите од владата поради тоа што сакале да потпишат мир со грција? Дали е тоа начин на кој се однесува вистинскиот македонец? Според мене одговорот на тоа е НЕ!.

Дајте сите заедно повторно да застанеме во одбрана на нашата татковина,дајте да не се расправаме за парите или за политиката.Зарем немаме доволно поделби во РЛ за и тука да ги носиме?Зарем нема на сите да ни биде мило кога ке видиме како Македонија победува.Македонија не ја претставува само владата,Македонија ја претставуваме сите ние без разлика на пол и возраст,без разлика на паравоена и на политичка партија.Сите ние сме тука за да видиме една мокна просперитетна држава,да ја видиме Македонија на врвот но за жал тоа не ни успева.Не ни успева поради премногу честите караници што ги имаме поради рефундот,поради тоа кој направил повеке за Македонија или поради тоа што некој смета дека е попаметен од другиот.Караниците само допринесуваат за уништување на нашата напатена држава.Дајте сите заедно да го свртиме ова бидејки ако не си помогнеме самите на себе нема да успееме никогаш.Ајде сите да ја браниме Македонија сите заедно да заборавиме на медалите,да заборавиме на сите поделби и да седнеме да ја браниме Македонија.НИЕ МОЖЕМЕ И НИЕ КЕ ГО НАПРАВИМЕ ТОА
Ве повикувам сите до еден да се согласиме барем еднаш околу нешто и да се бориме за Македонија.Македонија треба да е над личните интереси.Македонија над се.На македонија и се потребни нејзините синови и керки сега како никогаш предходно.Покажете дека сте Македонци,покажете дека сте синовите и керките на Александар III Македонски.

Искрено ваш
Grand Admiral Kristijan