Молитва

Day 1,372, 04:57 Published in North Macedonia North Macedonia by Patriot Chuni
Молитва:

Струме наш
Струме наш, кој си во позадината
да се стартува компјутерот твој,
да заиграат маусот и тастатурата твоја,
да ги игра раката твоја,
како во предизборието, така и по него.
Тенковите наши државни, дај ни ги во борба,
и прости ни ги нашите глупости и плачења,
како што ние им ги простуваме на нашите сојузници.
И не не воведувај во кавги
но избави не од раздорот.
Зошто твои се претседателската и гувернерската фотеља,
сега, потаму и во сите наредни месеци.
АМИН!




Прашања:

Зошто се резилите плачејќи пред сојузниците, како да само ние имаме борби?
Зарем ако не избришат од мапата прв пат ќе ни биде?
Ние внатрешно се средивме па што ни се криви сојузниците?
Со ваква неорганизираност и бркање медаљи планирате да победуваме?
Зарем мора некој да ни помага за да победуваме?

Мислења:

Плачејќи само се срамите без потреба и го срамите родот и предците наши (кој сака да помогне ќе помогне, кој не не мора)

И да не избришат пак ќе сме здрави и живи, неколку месеци ќе бидат фрлени во вода, но мене не ми се брза имам уште толку и многу повеќе за играње.

Ние практично немаме држава, тенкови се делат рандом по тесни канали, државната каса се празни а ни извештаи, ни победи ни ништо (што би рекол Љубчо „И ние крадевме ама имаше за народот, овие исав немаат...“)

Личниот интерес пред еМакедонија и не е така лош (за повеќе од 20% од населението) кај тоа па и ти се фалат оти државните тенкови ги продавале и остварувале профит (читај македонштина)

Ова со помагањето е интересно, затоа и илинденското востание „успеа“... почна предвреме со надеж оти „браќата“ од „Мајка Б’лгарија“ ќе дојдат од зад планините со пушките и ќе го избркаат окупаторот (жими Гоцета беше паметен да увиди вистината ама пуст личен интерес на предавници го сардиса во Баница)