[МРДЉС] НОВАТА СИЛА ВО МАКЕДОНИЈА

Day 1,366, 16:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Boban Mitrovski

Пред се, едно Благодарам на сите што го дадоа својот глас при изборот на претседател на МРДЉС.

Секогаш е добро да се има опозиција, да се има второ мислење, да се поредложат повеќе начини на разрешување на некој проблем, меѓутоа кога се работи за националните интереси тука треба да бидеме сложни и обединети.

Тоа е и една од целите за кои што е создадена оваа партија. Да се избориме за простор и можност да се искаже поинакво мислење.

Партијата е формирана пред само 2 месеци, а веќе на на последните конгресменски избори имавме најголем број на конгресмени и највеќе гласови на претседателските избори.

МРДЉС во последните 2 месеци како прво и основно докажа, дека знае да планира, како да се организира и секако како да постигнува резултати.

Многу прашуваат зошто баш името МРДЉС??? …
Одговорот е многу лесен. Го одбравме тоа име само поради причина за да ја одделиме РЛ политика со оваа тука.

Сите коишто сакаат да се приклучат на МРДЉС, се добредојдени. Полека, полека ги правиме листите и за претстојните Конгесменски избори.
Како до сега, така и во иднина, МРДЉС ќе им даде шанса на што е можно поголем број нови играчи. Посебно на луѓе кои што ја играат играта скоро цела година, а никогаш не ни биле блиску до кандидатура.

Секогаш го повторувам истото, а нема да испуштам и овој пат да им се заблагодарам на сите дечки во тимот на МРДЉС, на Chaos Order и на сите други воени единици што ја направија партијата она што е денес.

На почеток на овој мандат, сите “ТЕНКОВИ” во Македонија како и поголем број од постарите играчи, одлучија да ја поддржат партијата со идеја да пробаме да се обединиме и да ја забетонираме позицијата на Македонија како една од најсилните држави во е-светот.



(клик за поголема слика: http://i.imgur.com/5oeOU.png )

Приклучи се!!!
Биди и ти дел од новата сила во Македонија:


http://www.erepublik.com/en/party-members/mrdljs-3607/1




Да сте ми живи и здрави сите !!!