Индија со план!!!! Комисија за Државна Политика!!!

Day 1,360, 18:58 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonija Do Indija



Добра вечер Македонијо!

Се решив за ваква статија, затоа што крајно време е во Македонија да завладее ред како на политички така на државен план. Мое мислење е дека Македонија веќе не е земјичка туку напратив светска сила. Може да се носи со секој противник, има силни единици има силна армија има силни индивидуи така наречени one man army. Мило ми е што Македонија за кратко време го достигна врвот, за кој дефинитивно беше заслужен легендарниот воен конфликт со фрците. Тоа беше сон на секој Македонец, тоа беше двигателот кај секој еден од нас. Но ете, како што се има свој почеток и крај, заврши и тоа. Еланот се изгуби, се изгуби желбата и тоа е тоа. Фрците веќе не се интересен противник. Бев убеден дека на крајот од епизодата ,,Окупирај ја и држи ја под ропство Атина сосе Спарта,, ќе се најдеме во безглава ситуација, ќе немаме идеја како и што понатаму.

Епизодата заврши во мандатот на Аминта, и еве погледнете ја мапата, и ќе сватите дека Македонија е без идеја. Изолирана од европа, населена во Азија и Африка далеку од своите огништа. Италија е веќе минато, не ми се верува дека некој друг Македонец сака пак да ја види зелена. Едноставно, не е тоа тоа.

Но да не забегувам од круцијалната тема на статијата. Време е во Македонија да се создаде комисија која ќе има за задача да ја трасира иднината на нашата земја. Дали ќе се оди на Исток, дали на Запад, дали Север или Југ или едноставно ќе се води пацифистичка политика пред се за економско и граѓанско зајакнување со помош на тренин војни или без војни.

Како што сите знаеме, никој од претседателските кандидати во својата предизборна кампања, не дава информации каде ќе атакува. Само кажува, зајакнување на армија, останување во оне, подобра економија. И толку. Без никаква цел, без ништо однапред испланирано, без јасна визија за инднината на Македонија.

Мојот предлог е следен :

Формирање на Комисија за Државна Политика. КДП, тоа нека е работен наслов.

Неа да ја составува тим од 5-10 истакнати Македонски играчи.Обавезно да има спротиставени страни, затоа што ако сите со сите се сложуваат тоа нема да биде добро. Дефинитивно во неа мора да членуваат следниве: Демигод, Струмјанин,Хобан,Којоти2,Лавчан.

Ќе членува и претседателот со свои 2ца најблиски соработници.Секако, последна ќе биде претседателската.Тој или ќе го одобри планот, или не.Just simple as that.

Работата на комисијата ќе биде да се изработи стретегиски план, како Македонија ќе се развива во претстојниот месец. На пример, на седницата на сите членови, претседателот дава предлог Македонија да се шири на запад. Сака да оди до Америка.

На таа зададена тема, почнува дебата. Секој член кажува дали да се оди, зашто да се оди, што се губи ако се оди, што се добива. Се разговара здраво, и многу тактички испланирано. Ако мнозинството од комисијата се за тој план, планот е усвоен и се оди на негово детално планирање.

Деталното планирање е нешто што ќе ни донесе предност огромна предност. Друго е кога се оди на некоја дестинација со јасен и зацртан пат, друго е кога се оди на ,,ќоро,,. Да се надоврзам на примерот за одење кон Америка. Одкако е усвоен, се седнува на состанок и се испланирува се се се. Кога каде се напаѓа, кога каде се дига востание, дали треба да се дели рефунд на цивилите, дали треба да се зголеми рефунд на единиците... Се планира секој чекор, со тоа секогаш ќе бидеме 1 класа над противникот.

Мислам дека сум јасен како би функционирало ова невладино и непартиско тело. Претседателот ќе може да ги смени само 2цата членови кој ги донел неговиот претходник. Другите членови се статични. Тие можат да бидат избрани на референдум, но не да бидат однапред дадени и да се гласа за еден, туку народот сам да си пише ник од оној кој сака да го види во комисијата. Тоа е најмиродавно и најтранспаренто. Оние кои најмногу ќе бидат спомнати во коментарите, ќе бидат избрани.

Доколку Претседателот несака да одличи сам, може да се направи референдум. Во статија од државна институција, се претставува планот и програмата. Народот гласа со ДА или НЕ.


Се надевам дека оваа статија ќе ја прочита некој од државниот врв, и ќе го направи првиот чекор за остварување на овој план. Но, пред се сакам да го слушнам мојот народ што мисли за една ваква комисија, дали и треба такво нешто на Македонија или не.

Секое добро, поздрав !
Македонија До Индија.