еМакедонија - Подобра и посилна!!!

Day 1,359, 18:03 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid
Здраво почитувани сопартијци и емакедонци.





Како што веке знаете наближуваат новите партиски избори за претседател на партија. До неодамна бев лидер на МнМ и за неколку дена мојот мандат завршува, па затоа излегов од досегашната партија и се кандидирав во новоформираната ЗПеМ. Сите вие знаете што се случи за време на мојот мандат, а тоа е една од најдобрите идеи која кај мене се негуваше подолго време спојување на двете најголеми опозициски партии МнМ и МНФ во една - За Подобра еМаекдонија.

Пред неколку месеци имавме неуспешен обид да се споиме поради нечии суети но пред неколку недели разликите беа надминати и ние прераснавме во една од поголемите партии во еМакедонија. Но, не застануваме овде, пред нас е долг и трнлив пат за подобрување на ќорсокакот во кој е влезена еМакедонија. Имавме добар тим во трката за претседателски избори и по игра на случајност се пласиравме на второ место. Еден од приоритетите во овој мандат доколку ми биде изгласана довербата секако ке биде составувањето на уште подобар тим со искусен кандидат за претседател на еМакедонија, како и составување на искусни кадидати за конгресменските избори со цел поголема партиска застапеност во конгресот на еМакедонија.

Апелирам до сите ежители кои сакаат да ја видат еМакедонија подобра и посилна да се приклучат во партијата овде и да го дадат својот допринос во реализација на тие планови, за доброто на сите нас, За Подобра еМакедонија.


За официјален чат канал на партијата кликајте овде.


Ваш pesticid