ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ЧАК НОРИС?!

Day 1,358, 15:35 Published in Spain North Macedonia by SkecX
Сите знаеме барем еден виц за Чак Норис или барем еднаш во животот сме слушнале некој виц или шега за него. Но дали некогаш сте се запрашале кој е тој човек? Дали Чак некогаш бил дете? Дали е роден како обичен човек? Кој бил пред да стане Чак Норис?

Митот вели дека Чак Норис сепак еднаш е роден, и тоа во градот Риан во американската сојузна држава Оклахома во 1940 година, како Карлос Реј Норис. Прекарот Чак Норис го добил подоцна во военото воздухопловство на САД кога му се придружил во 1958 година. Причината поради која се пријавил во военото воздухопловство била поради тешкото детство кое го имал.

Во 1962 година воздухопловството го одвело во Јужна Кореја. Таму почнал да тренира Танг Су До, каде што заработил и црн појас. Потоа тој се враќа во САД каде отвора ланец на карате школи, и почнува да се натпреварува на разни карате турнири. Во 1968 ја добива титулата шампион за карате во средна категорија и се задржува цели 6 години на таа позиција.

Трновитиот пат до славата на Чак Норис почнува откако во 1969 година, остварил најмногу боречки победи во годината, па затоа магазинот „Црн Појас Магазин“ го прогласува за борец на годината. Истата година по прв пат ја добил својата прва улога во филмот на Дин Мартин, The Wrecking Crew. Година покасно Чак Норис доживува тежок удар, неговиот брат загинува во Виетнам, па токму поради тоа му го посветува филмот Исчезнати во Акција.

Вистина или не, сепак судбоносната средба со Брус Ли и Чак Норис се случила во 1972 година, на една демонстрација за боречки вештини, по што Чак Норис набрзо глумеше како негов непријател во антолошкиот филм „На змаевиот пат“, кој му донесе широка популарност.

После неколку неуспешни филмови во 1993 година, започна со снимање на ТВ серијата „Walker“, тексашки ренџер во која ја играше главната улога. Серијата се прикажуваше 8 години, а улогата на Кордел Волкер стана заштитен знак на Чак Норис.

А како Чак Норис стои со жените? Вистина е дека се женел два пати. Првиот пат кога имал 18 години со Дајан Холечек, а бракот им траел 30 години. Вториот пат се оженил во 1998 година со 23 годишната и млада Џена О’ Кели, и сеуште се во брак. За сега се знае дека Чак Норис има 3 сина и 2 ќерки.

Дали сте се запрашале кога почнале вицовите за големата сила на Чак Норис? Одговорот на тоа прашање најверојатно потекнува од интернет страницата која е направена на крајот од 2005 та година кога Чак Норис станал предмет на феноменот познат како “Фактите за Чак Норис”. Тоа се неколку шеги за неговата херојска сила и обележјата, или пак за силата на неговиот кружен удар. Чак Норис изјавил дека не се чувствува навреден од шегите и дека некои од нив се навистина смешни.

Чак Норис напишал неколку книги, а во 2005 та година, ја основал „World Combat League“, екипен боречки натпревар.


Поздрав SkecX