И после ни е чудно зошто почнавме да губиме...

Day 1,353, 20:35 Published in North Macedonia North Macedonia by AntinormaL

Статијава не е за да плукам по некого, ниту пак да критикувам или оценувам. Ја пишувам чисто како мое видување, а воедно и објаснување зошто деновиве постојано губиме, особено во битките со грците.

Нема да пишувам многу и ќе оставам само неколку слики да ви илустрираат.



Слика 1



Слика 2


Додека некои од нашите посилни играчи прават значителен инфлуенс во битки каде непријателот воопшто не мава и ѕидот е над 85%, гледајте што ни се случува во една од нашите матични територии !



Слика 3

Додека грците напаѓаат со се што имаат, ние го трошиме залудно инфлуенсот во битки кои се однапред добиени, а во битките за нашите матични територии маваат луѓе од други земји кои прават милионски штети.

Заклучокот ми е следниот. Престанете да бидете себични и да бркате BH или Mercenary медали, почнете да се координирате како порано и мавајте за еМакедонија ! Да го вратиме сјајот на нашата еМакедонија која беше на врвот до пред не толку далечно време. Го можеме тоа и ќе го направиме тоа, само прашање на време е кога ќе се освестиме, а сето тоа драги пријатели зависи од самите нас ! Затоа сите следите наредби на армискиот канал, координирајте се со другите и мавајте со цело срце за МАКЕДОНИЈА !



Секое добро и останете ми со 100 здравје,
AntinormaL


п.с Ако ви се допадна статијата слободно гласајте ја и претплатите се на мојот весник за да ми помогнете да стигнам побрзо до ММ медалот 🙂