Слога или раздор?

Day 1,339, 15:11 Published in North Macedonia Indonesia by G A T O T K A C A
Поздрав МАКЕДОНЦИ!



Деновиве кај нас се случуваат многу работи кои мене воопшто не ми се допаѓаат,мислам дека уште од сега знаете за што станува збор.

Ми се смачи веќе да слушам коментари од типот "Абре македонче ако не се заебе само нема кој да го заебе".
Ми се смачи да гледам како постојано има препукувања помеѓу нашите играчи.
Ми се смачи да гледам луѓе кои маваат во битки иако ѕидот е 85% само за да им светне едно обично медалче.

Ова е игра каде слогата и организираноста ја одлучуваат битката,ова не е соло игра каде секој треба да гледа само за себе.

Верувајте најмногу би ме израдувало кога би видел на каналот на армијата 400 души,но не како сега половина да седат тамо само колку да се каже дека ги има,туку кога ќе се издаде наредба да удриме сите и да го поместиме ѕидот за 2%,да има помош помеѓу нас,да се помага на послабите,да има повеќе поделби на цивилите сепак без нив ние ништо не правиме.

Време е секој од нас да свати дека треба да престанеме со кавгите меѓу нас и да почнеме сложно да играме!
Сме изгубиле неколку региони?Ништо страшно ќе ги вратиме но само ако се држиме заедно.
Ова е моја порака до сите вас ! Па вие сега размислете како ќе продолжите понатаму


O/