Каде е супериорниот инфлуенс на ОНЕ ?

Day 1,339, 10:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Apokaliptic

Во оваа статија ќе ги разгледам следните прашања:


Зошто ЕДЕН толку запнува во Италија?
Зошто Македонија се бори против цел ЕДЕН?
Зошто не добиваме помош од ОНЕ?


Јас не сум некој добар дипломат но добро се разбирам во воена стратегија и го знам следното:

„Доколку непријателот се бори со сите сили нешто да ви од земе, мора да се борите со сите сили да го одбраните“

Или просто кажано:

„Не е важно зошто тие го сакаат, штом тие го сакаат го сакаме и ние“


Има големи поплаки од „врвот“ дека ги изгубивме териториите во Италија поради тоа што целиот ЕДЕН бил одлучен да ги ослободи, но тоа што не се зема во предвид е дека доколку ЕДЕН не не удира во Италија ќе не удира на друго место.
Ова не е реална војна каде што треба да се пререспределуваат трупи и ресурси за да се промени местото на кое се врши главната офанзива, овде цел ЕДЕН ќе удира против нас без разлика на кој фронт ќе одлучиме да се бориме.



Причината поради која губиме е очигледна:

Немаме никаква помош од ОНЕ како сојуз !
(секоја чест на поединци кои се исклучок)


ОНЕ спие иако нема каде да си го троши инфлуенсот. Нема никакви сериозни битки а целиот инфлуенс на ОНЕ го нема, изчезнува некаде.

Јасно е како ден дека здружените сили на ОНЕ имаат далеку поголем инфлуенс од оние на ЕДЕН, што значи дека ОНЕ само треба правилно да го распредели инфлуенсот и нема да изгуби речиси ниту една битка.

Тогаш зошто Македонија почнува да губи (и покрај тоа што добива помош од сојузници)?

Зар тенковите на ЕДЕН толку запнаа па оние на ОНЕ не можат да пратат?
Или пак ОНЕ намерно не и помага на Македонија?



Моја гледна точка на настаните.

Најверојатната и најлогична опција е дека ОНЕ сака да ја поттисне Македонија.
ЕДЕН е на слобода да притисне на Македонија (посебно во Италија) затоа што ОНЕ сака Македонија да ги изгуби териториите во Италија за да може ОНЕ државите да ги разграбаат.

Факти кои го поддржуваат моето мислење:

- регионите во Италија се лесни за задржување
- тие се единствените Македонски региони кои ќе биде екстремно тешко да ги вратиме доколку ги изгубиме
- тие региони се на дофат на ОНЕ

Oткако Италија ги ослободи регионите, ОНЕ ќе ги преземе тие територии. Ако ние се пожалиме дека ги сакаме назад ќе се извадат со фактот дека за повторно да стигнеме до нив ќе треба да одиме преку Апулија што значи дека ќе треба да ја имаме освоено Грција и да им бидеме отворени на Хрватите за напад (а ОНЕ во таква ситуација пак би се повлекол и би не оставил сами против директниот напад на Грција и Хрватска и целиот ЕДЕН на нивна помош преку МПП).


За крај.

Пробајте кажете на шега во штабот на ОНЕ дека престануваме да се бориме против Италија и ни треба помош против Грција да видиме дали нема да се налепат како муви на мед -.-'.



Edit:
Никако да не се пуштаат регионите во Италија. Се друго може повторно да се освои, ама Италија ако ја изгубиме нема назад.