Кандидат за конгресмен во Ред Си Кост

Day 1,337, 07:39 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid


Почитувани мои ежители, еве ме мене како кандидат за конгресмен во Ред Си Кост. Ова е моја втора кандидатура за конгресмен. Во првата имав силна конкуренција и успеав да се искачам на вотрото место но не влегов во конгресот.

И првиот пат а и сега моето мото ке биде фер и демократски избори без ниско пазарење и купување на гласови. Јас сум еден од оние кои веруваат дека квалитетот не може да се купи а само ѓубрето. Затоа и овојпат ке го зачувам своето достоинство и достоинството на сите оние кои се чувствуваат ефтино и деградирано кога некој ке им понуди 2-3 виртуелни тенка и неколку десетици виртуелни МКД со кои човек ни г*з не може да си избрише а само може да и наштети на еМакедонија.

Бирајте мудро, гласајте со разум не затоа што некој сака да ве направи гласачка проститутка, туку затоа што сметате дека изборот е добар а играчот кандидат заслужува да биде дел од собраниската гарнитура.

И за илустрација погледнете ги оние конгресмени кои ги купија вашите гласови и и наштетија на еМакедонија овде

Доколку победам од мене може да се очекува редовност и онака 20/7 киснам на играва.

Златото ке биде донирано во бакната на еМакедонија.

Кооперативност и колегијалност.

Помош и соработка со сите кои тоа ке го побараат од мене.

Давање на државјанства само на македонци и никако за виртуелни пари и злато на душмани.



Зачлени се во Македонија на Македонците : http://www.erepublik.com/en/party/makedonija-na-makedoncite-3609/1

Официјален чет-канал на МнМ : http://04.chat.mibbit.com/?channel=%23MnM&server=irc.rizon.net

Да живее МнМ !!
Да живее еМакедонија !!