Што се случи ?

Day 1,333, 16:25 Published in North Macedonia Republic of Moldova by Volk Petrovich

1. Двајца луѓе влегуваат во бар, нарачуваат идентичен пијалок и го пијат. Едниот преживува, а другиот умира. Што се случи?

2. Еден човек живее на 12 кат од зградата. Секое утро слегува со лифт и ја напушта зградата. Навечер, кога се враќа, влегува во лифтот и ако има некој во лифтот или ако тој ден врне оди директно на својот кат - во спротивно оди до десеттиот кат, а потоа оди по скалите до својот кат. Зошто?

3. Жена оди во продавница и купува еден пар нови обувки, потоа оди на работа и умира. Што се случи?
4. Сонцето пече, гори, убива. по тоа сонце доаѓа една мачка и гледа сад со млеко. Се доближи до садот, помириса, се сврте и си отиде. Зошто?

5. Еден многу богат шеик бил на смртна постела. Имал двајца синови. Еден ден ги повикал на својата смртна постела и им рекол дека
целото негово богатство му припаѓа само на еден од нив. Под одредени услови, се разбира. Шеикот наредил да се организира трка, победникот (добитник на наследството) е оној чија камила ќе пристигне последна! Синовите се согласиле, застанале со камилите на стартот, но никој не се поместува. Тој што ќе тргне прв, ќе биде поблиску до целта, а со тоа ќе го изгуби наследството. Сфатиле дека се во глупава ситуација, одлучиле да побараат совет од мудрец. Тој им кажал нешто, а потоа браќата се качиле на камилите и брзале кон оазите. Прашањето е, што им рекол мудрецот?

6. Мајката на две девојки умира. На погребот се појавува еден згоден млад дечко, кој многу и се допаѓа на помладата девојка. Бидејќи таа е срамежлива не успева да се сретне со него или да има било каков контакт со него. По некое време таа ја убива својата постара сестра. Зошто го направила тоа?

7. Мртов човек лежи во пустина и држи половина шкорче во раката. околу него се е расфрлено. Што се случило?

8. Патува на сите страни, со секој чекор телото му е се пократко, на крајот му останува само главата! Што е тоа?

9. Маж, жена и слеп син доживуваат бродолом и се наоѓаат на пуст остров. Мајката после некое време умира од непознати причини
и остануваат таткото и синот без храна. Таткото му вели на синот да го причека, да оди да најде нешто за јадење. Таткото се вратил со храна и бидејќи почнал да ја пече синот прашал што уловил. Таткому му одговорил Галеб. Кога се спасиле од островот синот отишол во ресторан и порачал галеб, бидејќи многу му се допаднало. И кога ко каснал првиот залак веднаш умрел. Зошто?

10. Џим и Џени се пронајдени голи, мртви на подот во собата. Што се случило?

Одговори:

1. Коцките мраз биле отровни. Првиот човек го испил пијалокот пред да се стопи мразот, и тој преживеал. Другиот човек чекал да се стопи мразот па потоа го испил пијалокот и тој е отруен.

2. Човекот е џуџе и може да достигне само до 10 кат. Ако има некој во лифтот ќе му помогне, или ако е дождлив денот до чадорот ќе притисне на 12 кат. А ако нема никој во лифтот или ако не е дождлив денот оди до 10 кат и потоа оди по скалите до 12 кат.

3. Жената работи во циркуз со фрлачот на ножеви, имала високи подпетици од новите обувки и со ножот беше погодена во главата.

4. Се работи за млеко во прав

5. Мудрецот им рекол да ги заменат камилите

6. Ја убила својата сестра за да дојде младичот пак на погреб

7. Патувале со балон, па почнале да се спуштаат премногу ниско и почнале да ги фрлаат предметите за да се кренат. Но и тоа не помогнало, па морал некој да скокне. Влечеле шкорчиња и човекот што лежи го извлекол најкраткото.

8. Игла

9. Момчето ја изело својата мајка, а татко му го излажал дека тоа е гулаб. Кога момчето пробало гулаб сватило дека ја изело мајка му и се убило.

10. Џим и Џени се риби и загинале бидејќи паднал нивниот аквариум.

СЕ НАДЕВАМ ВИ СЕ ДОПАДНА !

ЗА ШАУТ: ШТО СЕ СЛУЧИ http://www.erepublik.com/en/article/-1-1821946/1/20