Балада за Компјутерот

Day 1,332, 12:19 Published in North Macedonia Serbia by Saint from Macedonia

Компјутеру машино добра
опасна си ко кобра.
Кога пецнеш заведуваш
и во соба со тебе затвораш.

Компјутеру машино моја
да ти ја ебам мамата твоја.
Од мене направи изрод гаден
за твоите програми вечно гладен.

Сегде јас монитор гледам
сегде верно јас те следам.
Јас сум сега твој роб
везден пишувам изворен код.

За другари време немам
нова програма јас спремам.
Како може да сум таков труп?
Како може да сум толку глуп?

За нормален муабет зборови немам
како некој да ми ги земал,
но за тебе штом се збори
мене душата ми гори.

Машино одвратна ти ме плени
ме одалечи од сите жени.
На рам и хард јас се палам
наместо девојчиња да галам.

Пред тебе многу време чмаам
и сега за тоа се каам.
Со тебе многу време губам
да те откачам се трудам.

Доста со тебе јас се бафтам
најарно е секира да ти акнам.
Најдобро е да те скршам
со другарството наше јас да свршам.

Морам да ти ставам крај
да видам малку што е рај.
Да престанам да компајлирам
малку душа да си смирам.

Да видам малку подруг свет
да видам птица во слободен лет.!!!