Село гори, баба се депилира!

Day 1,331, 07:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Vikaysel
Драг еПретседателе, владеачки партии, опозициски, истомисленици, плукачи, хејтери, стари, млади, наш еМакедонски народе, што сега?!

Нема да ја китам статијава со многу слики, леб, тенкој и цицки, затоа шо ситуацијава е сериозна.
Не се сметам за новинар (а како тргнала сиромаштијава, че станам), не ме бива во политика, а уште помалце во економија, само сакам да изразам личен став, додуша и помалце револт.

Свесни сме дека еМакедонија се наоѓа во тешка ситуација. Економски тешкотии, политичко криминалистички препукувања..кој се "добрите", а кој "лошите", кој е Бетмен, а кој Џокерот.
Искрено, ми се смачи од овие препукувања на релација Влада - Опозиција. Грција ќе ослободи еден регион, тролојте од Кипар, напредуват одлично, успеаа да не испровоцираат, smeeagain прај најгласани статии. Браво за тој шо му даде државјанство.
Додека другите држави од ОНЕ сојузот како што се Полска, Шпанија, Србија, Унгарија вртоглаво напредуваат, ние бистриме политики, "јас знам - ти не", "јас можам, ти шо разбираш", "јас крадам - ти не гледај"..впрочем, играва е симулација на реалниот живот..испајџа снајди се па живеј.
Значи да не должам појче. Сигурен сум дека 99% од нашиов народов го дели истиот став..Освојувавме, стекнавме моќ, имаме територии, немаме бенефит. Решете го проблемот со Апулија, Кипар, Египет кој и да е. Како што што се секој со душа се борел за својата земја, заслужува да биде почитувано неговото достоинство. Сакаме ресурси, сакаме економија, сакаме моќ. Владата беше избрана на ваков или онаков начин, не е битно. Очекуваме да донесува одлуки. Покажете се, чекаме!