Конечно решение!

Day 1,330, 06:50 Published in North Macedonia Serbia by TheOldMan67

Овие денови читам многу весници и ставови на играчите, при што сите се прашуваат кој е вистинскиот пат до успехот. Дел од граѓаните имаат голема недоверба во себе за војната со еХрватска со кои и јас лично се согласувам, така што конекцијата Апенини - Балкан сега за сега треба да ја оставиме во мирување.

Втората опција е да се водат политички преговори со нашите сојузници: Унгарија, Полска и Словенија за отстапување на нивни региони со цел нашите ресурси да се зголемат. Мислам дека преговорите ќе одат многу тешко и ќе бидат долготрајни, така што ќе изгубиме драгоцено време.

Конечното решение ни се наоѓа токму пред нашиот нос. Треба главниот град да го преселиме во Повардарие и да ги обединиме ресурсите во Арабија. На овој начин ќе освоиме 8/10 ресурси што никако не се за потценување за развојот на нашата економија.

Меѓутоа, тука имаме еден „мал“ проблем - островчето еКипар. После исцрпувачките битки да ја избришеме еГрција од Арабија, „малите“ ја искористија нашата добрина и влегоа во Арабија (истото го направи и еИран). Деновиве имало некакви преговори со еКипар за „отстапување“ на територии во Арабија, но како и сите други преговори и овие тешко одат. Каква реприза: на Апенините дадовме некои територии на еСловенија - тие ништо не направија, во Арабија пак даваме крваво освоени територии - сега мајку му не можеме да си ги вратиме назад по пат на преговори.

За едно нашите северни соседи се во право:
АКО НЕЧЕШ МИЛОМ, ОНДА СИЛОМ !!!

Затоа, му препорачувам на Претседателот и Конгресот да прогласи NE на еКипар со цел малку да излеземе од оваа апатија. Прогласувањето за природен непријател на еКипар никако не треба да ги наруши нашите сојузнички односи со еТурција.

ОВА Е МОЈОТ СТАВ...

Velevski Aco