Утринска сила на еМакедонија

Day 1,326, 05:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво почитувани еМакедонци и еМакедонки
Во оваа статија сакам да ви претставам една идеа која мислам дека повеќето од вас ќе се сложат со неа. Значи сите тие што сте ранобудни и станувате најкасно до 10 часот, ве молам да ја прочитате внимателно оваа статија. Значи сигурен сум дека и повеќето од вас знаат дека не само еМакедонија туку и другите држави во еСветот имаат најголем проблем со битките кои го зафаќаат периодот во утринските часови до 10 часот. Сите сакаме да ја направиме еМакедонија најголема сила во еСветот?

Тогаш треба да го направиме тоа што никој друг го нема а тоа е да го собереме утринскиот инфлуенс кој го прават играчите кои стануваат наутро, а верувајте барем кај мене на шаут во 9 часот гледам барем 100 души кои шаутираат, а кои сигурен сум дека веќе се испукале во неважни битки или пак во неважно време... Значи целта на идеава е целиот тој инфлуенс кој е испукан во различен период да се насочи кон една цел... а тоа е заедничкото пукање и нанесување на заеднички инфлуенс. Иначе морам да напоменам дека оваа идеа е веќе поддржана од страна на претседателот на еМакедонија и исто така е направен овој канал: #ranobudni, каде што ќе се следат наредбите со цел да нанесеме заедничка штета на противникот.

Значи ве повикувам сите тенкови, цивили и членови на воени единици,кои сте будни најкасно до 10 часот да бидете присутни на тој канал и заедно да нанесеме штета на противникот. Исто така ќе ве замолам сите што станувате порано да го пополните овој формулар за да знаеме со која сила еМакедонија располага во утринските часови!!!

ПОВТОРУВАМ ТИЕ ШТО СТЕ БУДНИ ДО 10 ЧАСОТ СЕ ГЛЕДАМЕ НА ТОЈ КАНАЛ КАДЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛЕДАТ НАРЕДБИ!!! ПОТРЕБНИ СТЕ И НА ЕМАКЕДОНИЈА!!! ПОЗДРАВ