Објаснување за моите постапки!

Day 1,326, 05:05 Published in North Macedonia North Macedonia by FearceMacedonianWarrior





Ај вака сега, ја пишувам оваа статија за да разјаснам некои работи бидејќи гледам дека играчи кои почнале вчера да ја играат играта ми солат памет за однесување, наредби и патриотизам.

Сабајле си доаѓам од работа некаде после 4 часот и се логирам на еРепублик.
Како и секогаш проверувам прво како одат битките каде што се бори Македонија.
Гледам дека на Италија ја кршиме со 90% на ѕидот во наша корист.
Додека пак во меѓувреме од страната на Италија Battle Hero беше еден со 11000 инфлуенс.
И си викам, абе дај да мавнам едно 20000 инфлуенс ( додуша толку и можам ) може спијат ова Жабарите сите па ќе лапнам еден BH Медал и ќе ја завршам право мисијата што со месеци ми трепка извичник на неа и ме нервира.
Помислив да се пуштам на чат каналот на мојата единица за да кажам или да прашам нешто што планирам ама викам ај нема никој у 4 и нешто сабајле сигурно не седи никој таму кога сите битки ги добиваме, се е во ред.
И почнувам да мавам во востанието за Италија, правам 20000 и нешто инфлуенс и после 1 минута Inbox почнува да ми се полни со пораки.
И тоа не пораки само од мојата единица кои ме прекоруваат за тоа што сум го направил туку и пораки од некои "паметни патриоти" кои вреѓаа и ми држеа лекции за татковина и патриотизам.
Сега да ви кажам јас на вас нешто, немаше да ми биде мака да ме навредувавте доколку се борев на страната на Италија а Македонија го губеше востанието, додуша моите 20000 инфлуенс не сменија ништо.
Немаше да ми биде мака да некој од лидерите на еМакедонија ми кажеше нешто во врска со тоа.
Немаше да ми биде мака некој од постарите играчи да ми држеше лекции за еМакедонија и патриотизам бидејќи ги знам сите први играчи Македонци во оваа игра. Ги знам уште од времето кога еМакедонија не постоеше на еКартата и кога се лобираше за да се додаде, некаде пред околу 2 години можеби и повеќе.
Не ми е мака што мојата единица ме прекори за тоа што го направив и очекувам најстрога казна за тоа што го направив бидејќи не испочитував наредби и делував на своја глава без да прашам некој од моите претпоставени и затоа сакам овде јавно пред сите Македонци да се извинам уште еднаш за тоа што го направив. Мојата единица ме знае повеќе од 5 месеци, и знае дека никогаш досега не прекршив ниту една наредба ниту пак направив нешто што и наштетило на еМакедонија.
Доколку некој има нешто да ми каже, слободно, но единствено ценам мислења и критики од луѓето што го спомнав горе, кои ја играат играта уште од самиот почеток и кои знаат што значи патриотизам и знаат како е да се игра со полно срце за еМакедонија. А ги замолувам сите нови играчи и под 16 години да не се ни обидуваат да ми солат памет како треба а како не треба да играм и што да правам, бидејќи вие уште не знаете што значи самиот поим патриотизам и Македонија. Кога ќе научите тогаш може да дискутирате со мене на таа тема.
Не, не се правам пак најпаметен од сите во играва, единствено сакам сите да знаете дека ова е сепак игра, и иако направив нешто против еМакедонија тоа за среќа го направив во игра, да го направев во РЖ тоа што го направив синоќа не би можел да живеам со такво предавство.

Уште еднаш им се извинувам на сите еМакедонци за грешката!

Поздрав!