За кого ја играте играва???(многу ќе се пронајдат во статијава)

Day 1,322, 11:49 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Последниве денови прочитав многу статии за тоа како се крадело во еМакедонија (секако статиите се во ред затоа што секој си има право на мислење да каже), но неможам да го разберам препукувањето во коментарите на тие статии. Еве таков пример е оваа статија каде што можете да видите дел од коментарите. Кога ги читам тие коментари се чувствувам како да се препукнуваат играчи од еМакедонија и еГрција, а не воени единици од еМакедонија. Изгледа проблемот е во тоа што сега имаме империја и секако проработе нашата “најдобра“ страна а тоа е САМОУНИШТУВАЊЕТО. Која беше целта кога еМакедонија ја додадоа?? Да ја окупираме еГрција така? Епа драги мои да ви покажам нешто..

Линк за поголема слика

За тие што не знаат териториите на еМакедонија се во зелено(очигледно е дека незнаете кога после све што постигнавме заедно се јадете).
Сакам да кажам дека тој е***н менталитет што не уништува во реален живот извадете го од играва, затоа што сепак ова е игра и се што се заработува или се губи е виртуелно. Сега можеби некои си лечат РЖ комплекси, тогаш ако сте такви не ја читајте статијава.
Многу е опасно ако играва престанете да ја гледате како игра и ја гледате како оружје да си го подобрите егото. Вистина неможам да разберам.
Знам дека ќе има многу кои ќе се препознаат во статијава и ќе почнат да вреѓаат и да плукаат во коментари и искрено ме боли долниов ако ме плукате во една игра, само жалосно е што во играва покажуваме какви сме усвари и во РЖ и затоа никој никогаш нема да не цени во тоа да бидете сигурни, затоа секој сака нешто да ни земе, затоа многу не не ценат, за тоа не се тие криви туку ние што така сме се поставиле. Тие статии што ги пишувате ги читаат сите што играат еРепублик и сигурен сум дека ни се смеат и си викаат во себе, овие заслужуваат тоа што им се случува и со име и со се. Дури и нашите сојузници (барем некои жители од кај нив) не не ценат затоа што немаме свое ја, еве ви статија каде што ќе видите за што ви зборам (иако се само неколку поединци кои не ја даваат реалната слика)

еМакедонија не е Панзери и АрМакедон, еМакедонија не сум ни јас како цивил не сте ни никој од вас кои што сте во воени единици и ќе почнете да спамате во коментари како некоја единица е подобра од друга, еМакедонија сме сите ние што се бориме за неа и губиме време од РЖ време кое можеме да го искористиме за други работи а сме решиле да го трошиме тука поради фактот што можеме на другите играчи од други националности да им го смениме мислењето за нашата држава!!! Stand together for Macedonia!!!!

Се надевам дека барем на 10% ќе сменам мислење за некои работи во оваа статија, со толку ќе бидам задоволен!!!

Поздрав еМакедонци