Интервју со Лана !!

Day 1,318, 10:54 Published in North Macedonia North Macedonia by DJ Tirke

Гледам многу сте зафатени со новиве промени и не ви се пишуваат статии,па јас решив да направам едно интервју со една девојка која вие добро позната а тоа е...
ЛАНА !!!! 🙂

Па може да почнеме..🙂

Седев во една мала соба сам.Вратите и прозорите беа затворени,топло....Слушнав остри чекори во ходникот.Лана влезе низ вратата.

Лана:МИРНО!
Јас: (станав од страв).
Лана:Добар ден војнику,добро изгледаш!
Јас:Благодарам...
Лана:Не ме прекинувај.
Јас: (седнав исплашен).
Лана:Дали тренираше денес?
Јас:Тренирав...
Лана:Со бустер?!
Јас:Да, да,секако.
Лана:Добро е,така треба!
Јас:Може ли да почнам со прашањата?
Лана:Имаш дозвола.

(И понатаму исплашен прелистував еден куп листови со прашања..кои делуваа преостро,неодлучен ја прашав онака исплашено)

Јас:Кое е вашето полно име?
Лана😕ana von Smolhousen.
Јас:Значи од Холандија сте?
Лана:Не е твоја работа да правиш претпоставки!
Јас:Но,тоа е мојата работа,јас сум е-новинар...
Лана:Татко Холанѓанец, мајка Германка.
Јас: (бришејќи ја потта од челото)Како се вработивте тука во еРепублик?
Лана:Имам препораки од врвните генерали.
Јас:Интересно.Сите лично ги познавате?
Лана:Да,ги познавам.Поголемиот дел од нив ги убив.Останатите ги натепав онака добро...
Јас:Значи знаете боречки вештини?
Лана:Секако!Знам џиу-џитсу, карате и аикидо.
Јас:Импресивно!Секоја чест.
Лана:Не ми ласкај, нема да омекнам.И понатаму ја имам желбата да ти го извадам срцето.
Јас:Но, зошто?Што погрешив?
Лана:Ми ја прекина серијата, гледав Кога Лисјата Паѓаат..имбецилу!
Јас: (ох Боже)Се извинувам.Имате реприза од 16 часот.
Јас:Туку, на женскиот војник не му е лесно помеѓу сите тие момци?
Лана:Секако дека не е.Но,тоа ме охрабри да тренирам уште по силно, да бидам добра во се, а си вградив и силикони.
Јас:Да,имавте баш убави гради до пред две недели...
Лана:Срам, да ти е!Сакаш да наредам да те стрелаат?!
Јас:Не, ве молам, но само заклучив.
Лана:Добро тогаш, ќе го сватам ова како комплимент!
Јас:Немојте да се навредите но, каде исчезнаа тие гради?Имаше скандали..
Лана:Благодарам што ме праша за тоа, крајно време е да одговорам.Како што почна eRepublik Rising, доста од играчите ја напуштија играта.Доста од нив плаќаше напреден тренинг.Како што имам договор со колегите, земав 30% од бустерите.Сега се помалку луѓе, никој не плаќа, а и немам веќе пари.Ми треба маникир, педикир, фризура..што мислиш ти кој го плаќа сето тоа?Морав да ги продадам силиконите.
Јас: (беше тажна по малку,ми беше жал)Добро еве,утре ќе платам тренинг!
Лана:Стварно?!Леле колку си добар,дојди да те бакнам!
Јас: (бришејќи го темно црвениот кармин од образот)Ма тоа не е ништо...
(ме прекина разгласот "Лана да се јави кај генералот,Лана да се јави кај генералот"!)
Лана:Ах тој гл**ак...Извини морам да одам, благодарам што имаше трпение.
Јас:Нема на што,благодарам и на Вас за интервјуто и на тоа што го оставивте моето срце на место.


Ете тоа беше моето интервју со Лана,се надевам дека ви се допадна!