Благодарност и честитки!

Day 1,314, 14:53 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid


Вчера во еМакедониоја имавме бурен ден од една страна не тресеше изборната треска а од друга востанието на егрците. Бевме во опасност да ги изгубиме веке населените со наши луѓе територии кои заслужено си ги добивме, а искрено се надевам уште долго ке си ги поседуваме и ке го црпиме бенефитот од нив. Опасноста да ни се случи катастрофа ја подгреа изборната атмосфера која ги тресеше сите и не дефокусираше од она за што сме тука - да ја смачкаме gejlada(латиницата не е случајна). Фрчеа спамови, непристојни предлози, сопки и што уште не.

Сепак некаде пред истекот на денот некако се созедовме и успеавме да ја повратиме контролата над НАШИТЕ територии. Докажавме дека и во моменти на еполитичка дестабилизација кога е најтесно дишеме во еден дух, духот на родољубието кон својата земја.

На крајот и она што сакав да го кажам во статијата т.е да им честитам на сите кои победија во трката за конгресмени како и на победникот во мојата изборна територија Источна македонија - KepenciMKD.

Воедно сакам да изразам благодарност до сите кои гласаа за мене и ме доведоа на второто високо место за што сум особено горд. Горд сум затоа што моето предизборно мото беше: Чесно, без трговија со гласови-кандидат за Источна Македонија. Мојата гордост доаѓа од фактот што сите 33 гласови кои ги добив беа без спам и поткуп во пм, не знам кои се играчите кои ме гласаа но ме израдуваа пријатно бидејки докажаа оти има чесни луѓе кои ништо не им значат неколку виртуелни тенкови и мкд. Сите вие кои не се пониживте и го сочувавте својот дигнитет сте иднината на еМакедонија. Уште еднаш ви се заблагодарувам и се надевам дека вашата бројка ке расте.

Да живее еМакедонија!
Да живее Македонија на Македонците!