Кој е Македонец!

Day 1,308, 15:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Zazovski

Добив идеа за статијава кога причитав една статија на некој си Грк во Бразил, кој добил државјанство по окупацијата на Грција од наша страна. Имено им се заблагодарува на Бразилците за гостопримството, и им се жали за пропаднатата економија во нивната држава.

Незнам како да ги наречам, но каде им е храброста која пред да не нападнат ја имаа и прикажуваа, каде им е љубовта кон татковината, каде им е силата, каде им е ДОСТОИНСТВОТО?!
За пример одете во Кипар, или во Бразил, или во која било земја со повеќе ресурси и погледнете ги барањата за државјанство од нивна страна (грчка). Ги има безброј. Поважни им се бонусите, голдот, парите, се што е материјално отколку тоа да си Грк, или како што тие кажуваат, да си "Македонец".
Епа драги мои "Македонци", не е Македонец оној кој кога е најтешко се откажува, кој бара спас во тоа да го смени своето потекло и да стане некој друг, само за да преживее.
Македонец си ако и покрај се ја сакаш татковината, кога ќе се бориш за неа до последиот здив, или во играва Health.
Би продолжил да зборувам и за РЖ, како истово се случува, но не е потребно.

Да бевте Македонци ќе докажевте што значи да се биде Македонец, макар и во игра.

Барем да не го оцрнуваа светото име Македонско со кукавичност и бегање. Да се вистински Македонци би покажале слога и братсво во оваа ситуација, би побарале помош од сојузниците, но нивната неверност кон нив го направи своето. Мислат само за себе, за џебот, а не за пријателите, за татковината.