До следното видување Македонијо!

Day 1,307, 06:50 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD
Знам дека обично не читате долги статии, но барем потрудете се да прочитате половина...





Поздрав Македонци! Ова ќе ми биде најтешката статија која ќе ја пишувам, но мислам дека е време да го направам овој чекор. Се што сакав доживеав на играта...

Веста која сакам да ја соопштам е дека се откажувам од играта. После долго размислување, сватив дека сите цели кои ги имавме пред себе зададени ги исполнивме.

Се родив на 9ти октомври во Егејска Македонија од причина дека потеклото ми е од Егејот. Ставив ник МакедонецМКД од зафрканција и мислев дека нема да го играм ова. После еден месец се вратив. Започнав да играм и првите пораки ги добив од LazarosaMKD. Тој ме упати во играва. Ме воведе во сите сегменти, како да купувам храна, како да се тепам, каде да се преселам итн. Заедно рамо до рамо со Ivan Vancho Makedonski, Cyril of Macedon, croMM, Slajder и уште неколку македонци бевме членови на првата македонска војска – Македонска Фаланга. Беше стационирана во Русија, кадешто имавме и наша партија. Бев 3 пати претседател на Македонија Вечна, најголемата партија на македонците кога немавме држава – дури 120 члена. Таму го добив политичкото искуство и се повеќе ме интересираа политичките води. Потоа имавме обид во Чешка да добиеме наш конгресмен – LazarosaMKD. Не успеавме во тоа, но продолживме. Отидовме во Јужна Кореја каде што добивме мнозинство во конгресот. Дури имавме кандидат за претседател на Јужна Кореја – Македонец – Krali Marko. Потоа Македонската Фаланга беше преместена во Турција. И таму имавме македонска партија – Macedonian – Turkish Party на чело со Danielbtmk. Потоа патувавме и во Белгија каде што имавме министер – thedragon – тетоецот.

Бев и член на Српската паравоена – Маратонци. Таму исто запознав многу пријатни луѓе, од кои би ги издвоил ilesef, svetlanadenis, GrifinNS… Заедно секогаш бевме сложни и секогаш работевме за доброто на единицата. Бев член на многу паравоени овие денови... Најголем впечаток ми оставија Волците. Иако бев избркан од таа паравоена, сепак луѓето таму беа супер. Причината поради која ме избркаа беше банална, но нема врска. Поздрав до thedragon, MagiMaster, Pyosk, Kikac, kostantin kapidanot, Dimca и останатиот дел од екипата. Се надевам дека ќе прераснете не само како најсилна паравоена во Македонија, туку и како најголема сила во еСветот. Се е можно.

Присуствував и на првата Македонска собиранка на плоштад – Лондон Паб. Таму бевме собрани јас, Demigod_mk, thedragon, Aspadora, lolAcitizenMKD, Ivan Vancho Makedonski, ZdravkoT, KiriusMK. Беше чудно на почетокот, но со Скопско и кикирики се беше со добра атмосфера. Се разговараше за идните планови, што да се прави, која тактика да ја употребиме за да ја развиеме Македонија итн. Сега на третата собиранка би требало да дојдам, но само како играч кој не игра еРепублик. Се надевам дека ќе ме примите  .

Јас, како член на првата привремена влада, заедно со Drashhh_III_Makedonski, Macedonian_Lion, United Macedonia, Hristijan Cvetanovski, Cyril of Macedon, lazarosaMKD, Ivan_Vancho_Makedonski и Demigod_mk мислам дека успеавме во нашата мисија, а тоа е прераснување на Македонија во светска сила. Успеавме со нашето силно залагање да го промениме името на нашата еДржава од ПЈРМ во Република Македонија (ПЈРМ). Тоа беше клучна работа за добивање членови. Потоа следуваше големиот Baby Boom – октомври – 2010. Донесовме и доста нови играчи кои подоцна ја водеа мудро државата во нови победи. Такви интелектуалци со кои со радост ја играв играва се Strumjanin, Makedonija Do Indija, DedaNoe кои иако ја играат играва неполна година, го пронајдоа клучот за да допрат до народот за пак тие да им ја дадат довербата. Се докажаа пред народот и затоа сум им многу благодарен.

Донесовме и нови тенкови. Тенковите како ScymeX, Aexil Kong, DexterMKD и уште многу други само допринесоа да станеме моќна империја. Ги поразивме Грција и Италија. Им покажавме заби на бугарите и им покажавме дека држава која е стара само 3 месеци може да им парира само доколку се има желба и силна волја. Им се заблагодарувам на сите војници кои седеа наутро само за да не падне ѕидот и да одиме во нови победи. Неможам да опишам колку сум ви благодарен. Продолжете така, и немојте да се плашите!

Не е тајна дека на почетокот кога беше додадена Македонија бев член на Обединета еМакедонија. Пробував да се пробијам преку најголемата партија во светот, но тоа не ми успеа. Неможев да се докажам од Х фактори. Тоа не е важно. Важно е да не се поделуваме како во ВЖ. Потоа најдов луѓе со кои имав исти идеали. Тогаш дојдов во МНФ. Долго време најголемата опозициска партија во Македонија, која на повеќето беше трн во око, успеа да се пробие и да добие дури и претседател на државата. Моментално имаме 13 конгресмени – најмногу досега. Овде има многу успешни луѓе кои се спремни да ја водат Македонија и да помогнат како за економскиот, така и за воениот напредок. Му се заблагодарувам на Vasil Cakalarov, кој доста ме форсираше во оваа партија, бев потпретседател 2 пати и еднаш претседател на МНФ. Можев и овој месец да бидам претседател, бев официјално поддржан, но инстинктот ме тераше да се откажам и да оставам место за новите играчи. Од почетокот на постоењето на партијава ги следев идеалите и само ги советував наредните претседатели да го прават истото. Едно време имавме дури 400 членови. Сега сме 4та партија во Македонија, но се надевам дека во иднина новите претседатели ќе го поправат тоа. Се заблагодарувам на Makedonija Do Indija, искусен политичар, иако не омилен на поединци, сепак да станеш претседател на Македонија не е мала работа. Успеа да се докаже, но на некој не му одговараше тоа и го тргнаа од функцијата. Сега е претседател на МНФ повторно така да се надевам дека ќе не извади од калта. Поздрав до Dudanmkd – Охриѓанецот кој седеше 24/7 на четот на МНФ. Јас тоа го забележав и сеуште го ценам тоа. Беше потпретседател на МНФ и се надевам дека ќе стане претседател наредниве месеци. Порака до don tas, mandanata, Krali, Bojan Almighty, v.mk, acko veles, fuzzy0wuzzy и останатите да работат за МНФ со цел за подобра Македонија, за демократска Македонија.

Се надевам дека докажаните ликови на македонската сцена како ScymeX, Aexil Kong, Strumjanin, Makedonija Do Indija, Dudanmkd, Macedonian_Lion, Ivan_Vancho_Makedonski, GokaGrozni, United Macedonia, Cyril of Macedon, старата гарда од АрМакедон и сите вие кои сте добро познати на обичните граѓани на Македонија ќе ја чувате оваа наша империја и дека ќе покажете барем во овој виртуелен свет дека не сме за потценување и дека иако мал народ, сепак имаме голема душа и срце. Сите вие оставате голема трага во оваа игра. Вие ја правите историјата. Јас само се надевам дека допринесов барем 1% за Македонија. И тоа би ме задоволило. Сепак, моето го направив. Бев член на конгресот, бев министер, претседател на партија, член на привремената влада, кандидат за претседател на Македонија, херој во многу битки, но и помогнав да се прошири македонското општество. Следете ги моите чекори и чекорете со самоувереност. Можеби мислите дека ова е само игра и дека се трескам џабе од земја. НЕ, ова е повеќе од игра. Овде ги правите пријателствата кои ќе ви траат цел живот. Запознав многу пријатели со кои и ден – денес контактирам. Тоа ми го овозможи еРепублика.


Порака до новите играчи – не мешајте политика од ВЖ, играјте со задоволство и не си правете комплекси и омрази. Правете пријателства и ширете ја идеологијата за голема Македонија!


Се надевам дека некогаш ќе се сретнеме на улица, барем здраво да кажете, сепак тоа е почит.


Со здравје еМакедонци. Чувајте ми ја еМакедонија и МНФ 🙂



Поздрав,
МакедонецМКД