Брзозборки за еМакедонците

Day 1,303, 09:48 Published in North Macedonia North Macedonia by Aleksandar Makedonski I
Сигурно знаете дека за секој суб+воте добивате 6 здравје а за суб+воте+шоут(глас) добивате 8 здравје,НО ТРЕБА ДА ГО НАПИШЕТЕ БРОЈОТ НА СУБ и В во КОМЕНТАР ( ПА И АКО СТЕ СТАВИЛЕ шоут), па ајде малку да се изнервирате ако не можете да ги кажете брзозборките.

И ќе си добијеш...


На врв брда врба мрда.

Кралот Карло на Кралицата Карла и го украл кларинетот!!!

Шахта. (ПАЗЕЈТЕ ДА НЕ ГИ КАЖУВАТЕ МН. ГЛАСНО ОВИЈЕ ахах)

Капут. (И ОВАА...)

Учителка вели дека вели не се вели вели туку вели се вели вика.
или
Учителката вика дека за вика не се вика вика туку за вика се вика вели.

Лош кантар катран мери.

Бел петел бела пепел прета.

Џеб, џепче, џепчиња без денарчиња.

Едно дрво јаворово преку поле Лазорово.

Лош кантар црн катран мереше.

Во дол бол има вол.

Дрзок дрвар в дрма дрва врзал.

Ситна роса ситно трева росеше

Наташа и Маташа од Ваташа,
од Ваташа Маташа и Наташа,
Наташа од Ваташа и Маташа од Ваташа.

Шише се суши на шосе.

црн мебел, бел мебел. (И оваа потивко, ако не сваќате излева= црн ме е..л бел ме е..л , малку и смешка де хД)

Ж'т д'г в'к п'н б'и

Буља ваља бурило, булче бурилче

Вук маркулаф, маркулави вучиња родил.

Кукулар крал клас.

Р'т р'ш вршеше, петел пепел преташе.

Сач, мут - сач!

Црно јаре, црно прче, црно ного, црн трн гризаше

Штрк, штрк балабан, пуна пушка шарлаган.

Петел претат в пепел.


Петре плетит плет,
пред Петреа племна.


Пукнат камен, под пукнат камен стој.


Ж'лта пуљка подбулена, подбулена, пут полупка полупена.


Ме пушчи Лазор
да ми дајш една зељка расол,
расол, лош расол,
расол, лош расол,
расол, лош расол!

Остор косор околу краста кастрит.

Ајде јоле ролај.


Пролајало јаре.


Ратка рипа преку пруга.

Сигурно знаете дека ако сакате да ви е понервозно и по интересно, треба да изговарате се побрзо и побрзо.

За shout:
Брзозборки за еМакедонците
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1799592/1/20