Се вклучувам се поретко на еРепублик ?

Day 1,300, 08:04 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Добив инспирација за пишување на статија врз база на тоа што го прочитав од текстот на господинот Bанчо и така нема што друго да се прави во еРепублик ( статијата е број еден за вчера)
Тој ја зборува вистината ама не е во право.Вистина е тоа дека играва треба да биде тимска и дека не победува поединец во истата туку сите ние државата , ама вистина е тоа дека славата од победите припаѓа на 10 сетина поединци.Значи со најновите промени сигурен сум повеќетo што на некој начин наоѓаа забава во истата , со тоа што си тераа виртуелен бизнис и преку кој еден ден и тие ќе станат богати за да потоа бидат и херои 🙂 повеќе не им се игра !!!.Што и да правиш што и да работиш не можеш заработиш преку сила 50 денари на ден . Што и да произведеш не можеш да го продадеш зашто секој има вишок и ништо не купува. Каков и да тераш бизнис со големи количини само уште повеќе го гушиш пазарот и сам заглавуваш.Некој ќе рече па имаш евтино оружје и џабе храна па бори се ?. Добро бори се , сите знаеме колку трае самата борба во која едни исти ги добиваат медалите и нормално славата 🙂 . Значи основниот мотив на вклучување на најголемиот број еМакедонци беше освојување на еГејлада , до тоа дојдовме релативно лесно ама мислам уште полесно ќе ја изгубиме ?. Зошто ако продолжи оваа ситуација да нема никаков бизнис во еРепублик шанса за повеќето да напреднат ....и едни исти се секогаш најдобри гарантирам за месец дена драстично намалување на населението.Можеби звучи песимистички ама гледам и по пријатели што ја играат играва а и по коментари во весници дека еуфоријата спласнува и дека се помалку време се луѓето online. Мора нешто да се превземе за да не дојде како пред 6 месеци само неколку стотини Македонци на еРепублик а што и јас не знам 🙂