ПОДЕЛБА НА БЕСПЛАТНИ РЕГИОНИ

Day 1,298, 10:00 Published in North Macedonia North Macedonia by carlixxx

Изминативе неколку денови се дигна голема прашина околу некои одлуки на нашето ново раководство.Незадоволството беше толку големо па дури и на некоклку наврати Македонија беше споредувана со добродетелката Мајка Тереза.

Имаше предлози да се побараат по два три региони од државите на кои им помагаме да се ослободат од грчката окупација.
Некои отидоа дури и до таму што предлагаа нивна целосна окупација 😃

Сите кои негодуваа во изминативе неколку денови сакам да ги потсетам на неколку работи кои треба да ги имаат во предвид

Неколку безначајни региони кои ќе претставуваат иден проблем и кога тогаш ќе ги загубиме се ништо во споредба со пријателството кое верувајте е бесценето.

Пред неколку месеци Србија ни помогна да се ослободиме од бугарската окупација.Дали тоа значеше дека автоматски требаше да ни го земат регионот Источна македонија како заслуга за нивната помош при ослободувањето од бугарската окупација?

Не заборавајте дека арогантноста и алчноста ги клекна на колена многу појаки военоекономски џинови во споредба со Македонија.

Да не ги повторуваме нивните грешки и да не ја доживееме нивната судбина.Да имаме секогаш на ум дека оваа игра се базира на долгорочни стратегии и планови.

И не заборавајте дека секоја власт е избрана од мнозинството и со тоа и де дадено право да одлучува во нивно име.Оставете ги луѓето кои ја добија довербата од мнозинството да си ја бркаат својата работа.Ако направат нешто кое ќе и наштети на Македонија на следните избори ќе имате шанса да ги казните за нивната постапка