Стоп за пишман новинарството!

Day 1,295, 05:19 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid

Статиите што ги пишуваме се дел од нашето размислување. Заедно споделуваме моменти убави или лоши. Тие остануваат како потсетник за следните играчи како патоказ што е добро а што лошо.
Зошто го пишувам ова. Мојата претходна статија за гркот кој се испостави дека е турчин кој доби македонско државјанство крена голема џева но воедно доведе до расветлување на вистината. Таа помогна да се дојде до вистината, а денес ми беше сугерирано да ја избришам.
Зошто би го правел тоа? Искрено не гледам никаква причина за тоа особено затоа што самата статија помогна да дојдеме до вистината, тоа и е целта на весникот.
Порано имав друга една статија за која исто така ми сугерираада ја бришам оти нема врска со еМакедонија и дека сум мешал РЛ. Мили мои, ако во играва некој не смешал барем еден ден рл политика тој нека дојде да ми каже. Такви нема затоа што сите овде со админите изигруваа рл политичари и сакаа да го променат името фиром во играва. Исто така знаеме колку казнени поени сите ние изедовме изминатиов период поради грците и сета онаа напластена омраза која безрезервно ја истуравме овде врз нив. Значи колку и да сакаме да го одбегнеме рл овде тој сепак ни се провејува наоѓа начин да пенетрира во нечиј коментар на чат, на шаут или нечија статија.
Последното разочарување доаѓа од бившиот претседател Струмјанин кој напишал прекрасна инспиративна статија, навистина, повикува на насилство, но од друга страна повикува и на правда ова е линкот до истата ПОБУНИ СЕ !!! ДОСТА Е РОПСТВО !!! http://www.erepublik.com/en/article/-str-1-1793115/1/20
Да, добро забележавте, таа повеќе не постои.
Стоп за пишман новинарството во ерепублика! Ако нешто сте кажале стојте зад тоа или воопшто не го кажувајте -пишувајте.