И шо прајме сега????

Day 1,291, 10:31 Published in North Macedonia Chile by CIKSA

Втор пат за без врска се креваат востанија во Апулија.
Прво за да немаме граница со Грција па сега со Хрватска и еве сега пак имаме граница со нив и веке сме изгласани за природен непријател и ќе имаме војна утре ова време со Хрватите, па зошто се глупиравме пред 2 дена само со изгубивме бонус на производство 1 до 2 дена и пазарот се направи каша-попара, цените се ужасни и економијава за нигде ни е...

Ако сме толку јаки како што се кажуваме, што е работава што бегаме како П*ч**а?? Или само си го одложуваме крајот??? Затоа наместо херои да сме и ослободители(а иначе коските ни се тресат од Ромпер и компанија) можиме малце да се погрижиме за организација и да ги победиме и Хрватите...

А тоа колку народов е заслепен од Струмјанин тоа е страшно нешто( Тито на времето толку не го сакале), точка да речит да се напишит на шаут сите ке напишат...И тоа со фирмите кај него да се префрлат ич не е паметна идеја, подобра идеја имаше кажано некој да се продадат на воениве еденици па нека плаќаат на рати ако немаат сега моментално...

Останете ми со 100 здравје!!