Мала закуска по повод ММ медалот !

Day 1,289, 08:43 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Прво сакам да им се заблагодарам на се што се претплатија на мојот весник и после три и пол месеци пишување да дојдам до ММ медалот
Во овој период напишав преку шеесетина статии од кои сигурно имало и лоши добри ( никогаш не ги шминкав со разно разни украси), кога дојдов до 700 претплати почнав и јас малку како повеќето новинари да плачам и барам претплати , бидејќи последните стотина најтешко се собираат. Ама во ниеден момент не делев лебови , тенкови а богами ни голд 🙂.
Оваа статија ја користам да ги посоветувам младите еНовинари кои последниве десeтина дена се појавија во голем број.Очигледно веднаш се вклопија во играва ама на погрешен начин 🙂 .Уште не одпечатен прв број на весник почнаа да делат награди да организираат ММ акции да делат дури и голд и тенкови .Драги колеги прво и основно има многу полесни начини да дојдете до 3 голд во еРепублик - отварањето на весник ви најтешкиот начин.Покрај тоа весниците се за пишување и информирање на еГраѓаните за сите настани , војни и промени. Значи само со квалитетни статии ќе добиете претплати од поискусните а тие си имаат леб и тенкови што значи вашите статии не ни ги отвараат.Затоа пишувајте оти за некој месец ќе има нови и нови играчи кои ќе учат од вашите статиии. Овде сакам да го искритикувам и министерството за информирање кое не беше активно и не делеше совети на новите еГраѓани. Да не должам по повод медалот( значи одпосле) ќе частам 100 Q2 леба - значи да не навредам некого (и да не ги двојам читателите 🙂 ) тој што сака нека стави воте и нека пише ......