Бунус компаниите од плато одлични за почетниците ?

Day 1,285, 09:25 Published in North Macedonia Chile by igor.decko.1970
Повторно ќе искажам сопствено мислење во врска со најновиот поклон од страна на админите
Овој пат ќе започнам од лошата страна. Секојдневно се среќаваме и во РЖ со вакви ситуации кога некој поштено нешто плаќа а потоа донесува некој декрет со што неплаќачите ги амнестира а оние што платиле на време испаѓаат будали🙂.Така и во Ерепублик голем број на играчи стари околу два месеци се мачеле да дојдат до едно фирмиче за лепче си бувнале 10 голд за истото а сега некој после нив го добива истото без пари 🙂.Но шала на страна овој потек е многу добар за почетниците , се сеќавам пред 4 месеци ( кога и јас бев почетник) кога бевме под окупација од Бугарите јас како и многу други талкавме гладни и чекавме хуманитарна помош од министерството за здравство. Сега тоа повеќе на новите нема да им се случува бидејќи имаат загаратирано над 150 здравје. Исто така побрзо ке напредуваат во еконоскиот скил за разлика од нас,бидејќи секојдневно ќе работат -во четири фирми, чиј бенфит ќе го осетат после 2-3 месеци. Бидејќи ќе си произведуваат лебче ќе може да си заштедат дел од платата а особено голдот , кој знаеме во провите 20- 30 дена најповеќе се дели од админите. Се разбира овие фирми за жито се нископродуктивни и кога ќе си ја завршат нивнaта работа ( после 100тина сетви ) може едноставно да се игнорираат додека лебарата може да се надградува и еден ден да стане вискоквалитетна и продуктивна фабрика 🙂