Секогаш победува оној кој...

Day 1,280, 07:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Kris.S

Напомена: Овој текст е превземен од друг портал, непознат автор, не е мое лично дело!

Мала инспирација, и поука до сите нас...

Никој човек не е совршен. Кај секој има добри и лоши особини. Кај некој победуваат добрите а кај некој лошоте одобини. Зошто?

Дедо на својот внук му раскажува животна приказна:

Во душата на секој човек се води битка. Како битка помеѓу два волка. Во душата на секој од нас. Едниот волк го претставува злото, бесот, зависта, љубомората, лакомоста, дрскоста, самосожалувањето, гревот, лагата, лажната гордост, егоизмот. Другиот волк го претставува доброто, она што дава задоволство, мир, љубов, надеж, ведрина, смиреност, љубезност, добрина, срдечност, дарежливост, вистина, милост, вера.



Внукот се замислил и прашал:

Кој волк на крајот победува?
Дедото се насмеал и одговорил:

Секогаш победува оној волк кој го храниш.




Како и во секоја статија, и во оваа има порака која е упатена да сите нас, па останува на тоа кој како ќе си ја разбере... 🙂

Ве поздравувам сите, имајте ПРЕКРАСЕН ден 🙂

И секако не заборавајте...
САКАЈТЕ СЕ!!!



Со почит,
Kris.S