[ еТешкото ] Посветено на македонските еХерои

Day 1,279, 08:33 Published in North Macedonia North Macedonia by SasPes


еТешкото! еМакедонија штом диво ќе писне,
штом ScymeX ќе грмне со подземен екот -
во градите еГрците жал лута ги стега,
во очите еГрците им навира река
од ScymeX ми иде да плачат ко дете,
да превијат раце, да прекријат лик -
та гризат усни, стегат Logout клето,
да не пуштат крик.

еТешкото! DexterMKD излегува еве,
на чело му страв, во очи му трепет
и првиот чекор по појното поле
е мирен и бавен, со убиствена сила.
Но 'рзнува Aexil Kong и писок се крева
и молња светнува во секој глед,
и напред се пушта, се стрелка, се слева
стегнатиот ред.

До тенковите паравоените се фаќаат скокум;
и нападнаа Алфи - сив сокол во клетка,
и нападнаа ArMakedon - пламен жив потулен во око,
и нападнаа Panzer - издржа младост што сака да летне!
Се залула борба! Се заврте земја,
и чиниш од АРМ - се корне стресениот век,
и околу трпнат ридиштата темни
и враќаат ек.

И lazarosaMKD се впушти во исконска борба
со исконска сила за земјава наша
и во него шуми на реките зборот,
и во него рика див ветер и страшен
и во него шепнат узреани житја
и вечерен мирис се разлева тих,
и земјата дише во пролетна ситост
со запален здив.

И душата, чиниш, на родот мој мачен
во тешкава битка и Hoban се впушти -
век по век што трупал сe попуст и мрачен
од крвава болка, од робија клета,
век по век што нижел од корава мисла
за радосна челад, за слободен свет,
од песна - за љубов што гине со пискот
ко жерав во лет.

еТешкото! Кога во молк да те гледам,
на далечина Maxep се појавува сега,
и одеднаш - в бескрај се растега редот
и ридја се губат в пустелија штура -
и еве кај иде од маглата матна
сe сенка до сенка, сe еден до друг -
во бескрајна војна син оди по татка,
по деда си - внук.

Времињата мрачни се издигнувања Strumjanski,
и неговата свирка - на прангите ѕвекот,
а главите ни се кренати горе,
и сигурно врват - сe чекор по чекор.
О времиња, што ве в мрак родот мој минал,
кој збор ќе ми најде за вашата стрв?
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?!

Кој број ќе ми каже на #emkd-army,
на пламнати ноќи, на пеплишта пусти,
кој на срце болки ќе изреди збрани,
и на очи солзи, и клетви на усти?
eTешкото! Синџир ти беше на робја,
од калеши моми и невести ред.
со врзани раце во плен што ги погнал
насилникот еГрк клет.

еТешкото! Синџир ти беше на робја,
дур не стана народ во еМакедонија,
сe дури со јадот од векови собран
не поведе МоД в бунтовнички бој!
се залула танец низ крвје и огон,
и повик се зачу и грмеж во чад -
те разнесе сегде бунтовната нога
по родниот кат.

еТешкото! Сега по нашите села
во слобода првпат штом оро ќе сретнам,
зар чудно е - солза да потече врела,
зар чудно е - жалба јас в срце да сетам?!
Од вековно ропство, мој народе, идеш
но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ќе биде,
И животот твој!


ДА ШИВЕЕ МАКЕДОНИЈА