Добредојдовте во Егејска Македонија, Република Македонија!

Day 1,277, 11:20 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD







Видео за мотивација

Иронично, сепак регионот Македонија треба да биде преименувана во Егејска Македонија бидејки нема ништо спорно за дебатирање и за барање компромис. Треба да поднесеме барање за преименување на референцата ПЈРМ во Република Македонија. Повеќе нема за што да се дебатира, да се брани македонскиот став. Го остваривме вековниот сон и Егејската мака беше слушната од Македонецот. Егејска Македонија повторно влегува во етничките граници на МАЈКА МАКЕДОНИЈА. Ги замолувам сите Македонци да не се преселуваат во Егејска Македонија! Баталете само симболични чекори за да покажете дека сте патриоти. Сите сме овде патриоти и сите се бориме за Македонија, но сеуште не е сигурно колку Апенинска Македонија ќе биде во сигурни раце. Затоа за сите кои се наоѓаат во дијаспората, дојдете во Ломбардија. Ако не сте во Ломбардија, а имате македонско државјанство, одете во Ломбардија. Со месеци се трудевме да ја зацврстиме нашата база на Апенинскиот Полуостров. Немојте се тоа да пропадне во рок од 1 ден.

Овој ден го чекавме 2 години, и секоја една секунда за чекање се исплатеше. Секој чувствува празнина, носталгија, но колку толку, овде на оваа игра можеме да ја пополниме таа празнина... Таа празнина е всушност секоја честичка на крв која паднала за ова парче земја, секој атом сила потрошен за да се одбрани ставот за Македонска националност, за Македонизмот, бидејки Македонија не е само држава со 15.000 граѓани. Македонија е чувство. Македонија е религија!

Ја докажавме нашата супериорност и сила, веќе сме светска сила така да треба да покажеме верност кон сојузниците, дека сме им пријатели, бидејки и најсилниот човек неможе против обединета толпа народ...

Кажете му едно огромно БЛАГОДАРАМ на Шиме бидејки тој е најзаслужен што ни се оствари вековниот сон, барем на оваа игра да одиме повторно на античката ни земја!

Кој може, нека му донира тенкови овде:

ДОНИРАЈ И ТИ ЗА СИЛНА МАКЕДОНИЈА!





А доколку излезете на кафе во Солун, доколку некој ви каже ''Kalispera'' дајте му буквар за да научи македонски!






Вечниот сон стана јаве: